Во Неделата на Самарјанката, игуменот на манастирот, о.Гаврил отслужи света Литургија, на која верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови.
Во поуката од Неделното Евангелие, о.Гаврил ја потенцира нашата насушна потреба од лична средба со Бога и состојбата и ефектите пред и после таа средба со Него.
Бог е Личност - Света Троица и нам ни се открива, пред се, преку Личноста на Словото Божјо. Пред таа лична средба со Него, ние сме немоќни и врзани за материјалниот свет и затекнати од смртта, скарани и распарчени меѓусебно и лично, а кога ќе ја оствариме таа личносна средба со Него, ќе познаеме дека Он е единствениот наш вистински Бог и Спасител и тогаш постануваме нови, обновени и продуховени личности. Тогаш нашите срца ќе постанат извор на жива вода (благодат) која и ќе се излива во живот вечен.
Меѓутоа, таа наша лична средба со Бога можеме да ја оствариме само ако Му се поклониме со дух и вистина. Тоа е смирен и покајнички дух, зашто една е вистината - грешни сме и ќе умреме. Тоа можеме да го постигнеме единствено со свој личен, волев и љубовен подвиг и тоа кој колку сака - толку ќе донесе и плод. Некој 30, некој 60, а некој 100.
On the Sunday of Samaritan woman, the abbot of the monastery, father Gavril served a Holy Liturgy, where the faithful people received the Holy Body and Holy Blood of Christ.
In the teaching of the Sunday Evangel, father Gavril pointed out our essential need of personal meeting with God and the state and effects before and after that meeting with Him.
God is a Person – Holy Trinity and He reveals to us, before all, through the Person of the Word of God. Before that meeting with Him, we were weak and tied to the material world and caught by the death, wrangle and dismembered between us and also personally, but when we achieve that personal meeting with Him, we’ll recognise that He is our only real God and Savior and then we become new, renewed and spiritual persons. Then our hearts will become a spring of life water (grace) which will pour out into eternal life.
However, our personal meeting with God we can achieve only if we bow down to Him, in spirit and truth. That is, in a humble and repenting spirit, because the truth is one – we are sinful and we are going to die. That meeting with Him we can achieve only with our personal, willing and loving struggle, and as much as every one of us wants to give – that is as fruitful as we will be. Some will give 30, some 60, but some 100.
Посети:{moshits}