логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 image

На 28. 05. 2017 година,

Недела 7 на Воскресението на Светите Отци, св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики, во годината кога МПЦ – ОА слави 50 – годишен јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ – ОА и канонизација на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, на утрената богослужба, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужители од МПЦ – ОА, а во присуство на многуброен народ, ги дочека Светите моштии на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, кои достојно, по повод канонизацијата, беа донесени од Лесновкиот манастир и внесени во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип. Во 08:45 часот, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го дочека Поглаварот на МПЦ – ОА Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и членовите на САС на МПЦ,

Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Митополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополиот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско - осоговски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климен. Во 09:00 часот Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на членовите на САС на МПЦ – ОА и Архимандритите Нектариј, Партениј, Дамаскин и Григориј, Игумени од повеќе манастири и свештеноереи од МПЦ – ОА отслужи Света Архиерејска Литургија.

На малиот вход Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан отслужи помен на Светиот Гаврил Епископ Велички Светогорец, Епископот г. Климен ја произнесе одлуката на САС на МПЦ – ОА за впишувањето на Епископот Велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите, Надлежниот Митрополит г. Иларион го произнесе синаксарот – житието на Епископот Велички Гаврил Светогорец, по што Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан ја освети новонацртаната икона со ликот на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец и со истата го благослови православниот верен народ. По ова Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан, членовите на САС на МПЦ – ОА и свештенослужителите се поклонија на светите моштии на Епископот Велички Гаврил Светогорец. На крајот од Светата Архиерејска Литургија, Поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан одража содражајна пригодна беседа за светиот живот и многубројните чуда на Епископот Велички Гаврил Светогорец. На каноназицајата, покрај многубројниот православен народ од сите краишта на Татковината Македонија како и од странство присуствуваше и Премиерот на РМ г. Емил Димитриев, Рускиот Амбасадор во РМ г. Олег Шчербак, Претседателката на Верската Комисија г – ѓа Валенитна Божиновска, Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р Илчо Захарив како и други Јавни личности. Преку целиот ден верниот народ се поклонуваше на светите моштии на Епископот Велички Гаврил Светогорец. По неговите молитви, Бог и нас да не помилува и спаси, како благ и човекољубив.

Извор: Брегалничка епархија

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Православен календар

 

23/06/2025 - понеделник

Петровденски пости (строг пост)

Св. свеш. Тимотеј, епископ Бруски; Св. маченици Александар и Антонина; Св. Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица Акилина  26 јуни/13 јуни  2025

Тропар на св. Христова маченица Акилина 26 јуни/13 јуни 2025

Избран саду на Божјата благодат,Акилино света девственичке,радост на ангелите, посрамување на демоните,моли се, о, ти јагне Божјо,за оние кои Неговата...

Тропар на светиот  Христов подвижник Онуфриј Велики  25 јуни/ 12 јуни  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Онуфриј Велики 25 јуни/ 12 јуни 2025

Блажен си ти о велики Онуфрие,кого Бог во борба го поведе,да покаже и посведочи дека телото може да се победи,стариот...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная