Охрид, 20.07.2007 г.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Соборна црква Св. Софија, Охрид


Оваа катедрална црква е еден од најголемите комплекси на фрескоживопис на византиската уметност во Европа, од XI век. Фреските од XI и од XIV се од исклучително значење и тие наоѓаат место во сите научни изданија.

Црквата посветена на Света Софија, што значи Божјата Премудрост – Господ Исус Христос. Изградена е во X век врз темелите на ранохристијанска базилика. Кон крајот на X век, кога македонскиот цар Самоил ја пренел својата престолнина од Преспа во Охрид, таа била катедрална патријаршиска црква. Денешниот изглед е од времето на Охридскиот Архиепископ Леон (1037/56).


Според проф. Др. Ратомир Гроздановски

пп