По повод 40 години од афтокефалноста на МПЦ група од околу 150 верници од црквата св.Петка од Скопје отпатуваа во Охрид каде присуствуваа на свечената Литургија во древната епископска црква св. Софија.
Оттаму посетија и повеќе цркви меѓу кои и црквата св.Климент на Плаошник, св.Јован Канео и Богородица Перивлепта.
На враќање кон Скопје застанаа во манастирот св.Еразмо Охридски кој се наоѓа веднаш на излезот од градот каде се наоѓа и пештерската црква посветена на св. Екатерина. Црквата се наоѓа во карпестиот дел над манастирот св. Еразмо до каде се стигнува преку тесната и стрмовита патека по која поклониците во квечерината се искачија за да го посетат и тоа светилиште. известува: Сузана Стефановска |