ТОМИНА НЕДЕЛА
Поука за денес
Луѓето што се просветлени со крштение, веруваат во Бога, но има и такви кои дури и Го знаат. Да се верува во Бога е добро, но да се знае Бог е поблажено. Иако и тие што веруваат се блажени, како што му кажал Господ на Апостолот Тома, дека Ти ме виде мене и ме допре, и веруваш, но блажени се оние кои не видоа, а поверуваа. Да сме смирени, Господ ќе ни покажеше сè заради Својата љубов. Он ќе ни ги откриеше сите тајни, но нашата несреќа е во тоа што не сме смирени. Горди сме и славољубиви заради секоја ситница, и заради тоа се мачиме самите себеси и другите.
(старец Силуан Атонски)
Кога Господ им се јави на Своите ученици по Воскресението, и кога почна да му зборува на Апостол Петар, не го прекори, туку благородно го праша: “Mе љубиш ли?” (Јован 21, 15). Овие умилни зборови на Господовата татковска љубов, нè учат и ние да постапуваме така со луѓето кога некој ќе нè повреди. Во тоа е благородноста Христова, и тоа е недостижно за човекот, а се познава само преку Светиот Дух.
(старец Силуан Атонски)
Посети: {moshits}