Некои велат дека од молитвата доаѓа прелест. Тоа е погрешно. Прелеста доаѓа од самоволие, а не од молитвата. Сите светии многу се молеа, повикувајќи ги и другите на молитва. Молитвата е најдобро дело за душата. Преку молитвата се доаѓа при Бога. Преку молитвата се задобива смирение, трпение и секое добро. Оној кој зборува против молитвата, тој очигледно никогаш не вкусил колку е благ Господ, и колку многу нè љуби. Од Бога не доаѓа зло. Сите светии непрестано се молеа. Тие ниту еден миг не останувале без молитва. Душата, губејќи го смирението, заедно со него ја губи и благодатта, и љубовта спрема Бога, и тогаш се гаси огнената молитва. Но кога душата ќе се смири од страстите и кога ќе го стекне смирението, тогаш Господ и ја дава Својата благодат. И тогаш таа се моли за непријателите како за самата себе, и за целиот свет, се моли со врели солзи.
(старец Силуан Атонски)
Ако се молите и ако вашата молитва не се слуша, размислете да не сте случајно непослушни. Ако се молите во текот на ноќта, а не сте внимавале на својот живот во текот на денот, тоа е како истовремено да градите и да уривате. Ако сте небрежни во ситниците, сигурно ќе подлегнете и ќе паднете и во големите работи. Внимавајте на себе.
(старец Ефрем Филотејски)
Кога ќе се догребеме до молитвата, стануваме како лавови што рикаат; не тогаш кога се молиме немарно или млако, туку кога се молиме со душевната сила. Утврдете се преку мислата дека молитвата е сè. Без молитва, очекувајте потполно овенување и падови еден по друг. Ако за време на искушението со сета своја сила се држиме за молитвата, сигурно ќе го надвладееме ѓаволот и ќе приложиме уште една победа кон Сесветото име Христово.
(Старец Ефрем Филотејски)
Посети{moshits}