Македонската Православна Црква “Св. Димитрија” од Гарден Палм Бич Јужна Флорида ги одбележа и прослави на најсвечен и величествен начин деновите на нашиот најголем Христијански празник, Воскресение Христово - Велигден. За првпат верниците од оваа заедница можеа да присуствуваат на сите богослужби кои му претходат на настанот Воскресение Христово (Велики четврток, Велики петок и Велика сабота) бидејќи скоро во целост се завршени работите околу оспособување на црквата и реновирањето на салата. Редиците богослужби кои беа извршени од страна на парохискиот свештеник отец Ристо Тоцинов беа проследени од големото присуство на верниот македонски народ од овие простори, а и од лујге кои припаѓаат на други националности. На една од богослужбите во неделата на Воскресение беа присутни и амбасадорот на Република Македонија д-р Зоран Јолевски, а и новиот почесен конзул на РМ за Флорида господинот Лу Влашо.
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://mail.preminportal.com.mk/images/Juzna.Florida
Известува Отец Ристо Тоцинов