Православните верници го празнуваат Велигден
Скопје /27/04/ 2008
Православните верници денеска го празнуваат Велигден, симболот на победата на животот над смртта во спомен на воскреснувањето на Господ Исус Христос од мртвите.
Свечена богослужба, по повод најголемиот христијански празник, се одржа синоќа во Соборниот храм на свети Климент Охридски, во Скопје, каде се собраа неколку илјади верници.
Со свеќи во рацете, симболот на светлината на Христовиот гроб, традиционално присуствуваа на Божјото Воскресение, кршејќи ги црвените јајца, симболот на кршење на портите на пеколот, тие си го честитаа Велигден.
Со пеењето на Воскресниот Kанон се објави славното Христово Воскресение.
Фото:
Марјан Николовски
Преминпортал
Најголемиот христијански празник, Воскресението Христово, во Република Македонија најмасовно беше прославен во Скопје, во соборниот храм на свети Климент Охридски, каде со Воскресната богослужба чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на која меѓу многубројниот присутен народ беше и претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски, како и многу други видни личности од јавниот живот во Републиката.
Посети: {moshits}