Во Саботата навечер, наспроти Неделата на Господовиот вход во Ерусалим (Цветници), во Руската Задгранична Катедрална Црква "Покров на Пресвета Богородица" во Чикаго, се одржа свечено Бдение. Со Богослужбата чининачалствуваше епископот Кливлендски - владика Петар, а присуствуваше и архиепископот Чикагски и Средно-Американски - владика Алипије.
Меѓу многубројниот народ присуствуваа и верници од нашата Црква МПЦ „Св. Петка“ од Чикаго. Инаку, вреди да се спомне и тоа што од Црковните великодостојници на овој Храм многупати ни е дадено до знаење дека македонските верници се тука секогаш добредојдени.
Службата, како и секогаш, беше обогатена со прекрасното пеење на Катедралниот хор во кој активен член и по потреба заменик диригент е и диригентката на нашиот Црковен Хор „Св. Јован Дамаскин“ - С. Лазареска. Кулминација на службата беше чинот на благословување на врбовите гранчиња, како и нивното делење при миропомазувањето на присутните од страна на в.Петар.
„Денес благодатта на Светиот Дух не собра и, откако Го зедовме Твојот Крст, сите велиме: Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа, Осана во висините!“ (тропар од утрената Богослужба).
Приготвиле: верници при МПЦ Св. Петка - Чикаго.
Macedonian Orthodox Church "St. Paraskeva - Petka" from Chicago
Македонска Православна Црква Св. Параскева- Петка од Чикаго
Посети:{moshits}