логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...


 40 години од возобновувањето на Автокефалноста на МПЦ
 




 
40 години од хиротонијата за епископ на Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил



 
Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил :

Понесен од чувството на 40-годишната јубилејна радост од обновата на целосната автокефалност на древната и славна Охридска Архиепископија,
олицетворена во денешната наша жива и Света Македонска Православна Црква, просветлен и озарени од историските настани од пред четири децении, се чувствувам почестен што можам со најискрени молитвени благопожелби на сите верни и сеоддајни чеда и почитувачи на нашата Света Црква да Ви го честитам радосниот историски јубилеј.

Поаѓајќи од реалностите што ги имаме пред нас и имајќи ги предвид нашите историски вистини дека сме посведочен и охристовен народ македонски, заедно со нашата родна и мила Македонија, во книгата на вечноста - во Бибилијата; барајќи ги со право и наоѓајќи ги нашите многустолетни македонски корени од славните антички времиња, а христијански корени од апостолско време преку светиот апостол Павле и преку Јустинијана Прима, достигнатиот сехристијански цивилиза-циски и културно-просветен процут во средновековието, во времето на горостасните наши црковно-духовни неимари -рамноапостоли Солунските Браќа светите Кирил и Методиј и нивните најдаровити ученици свети Климент и свети Наум, охридските чудотворци - творците на првиот словенски универзитет на Балканот во нашиот древен македонски и сесловенски Ерусалим, врз чии цврсти темели израснува славната Охридска Архиепископија и нејзината огромна улога за македонскиот народ и за целиот словенски род, Господ не вдахнови и умудри на 17 јули 1967 година, да ја донесеме историската Одлука за целосна обнова автокефалноста на древната и славна Охридска Архиепископија.


Со оваа и ваква Одлука, пред се ја отклонивме големата и тешка неправда која што ни беше направена во 1767 година. Тоа моравме да го направиме бидејќи над Охридската Архиепископија во 1767 година е извршен атак од страна на иноверната отоманска власт. Поаѓајќи од фактот дека се направени безброј неуспешни обиди за обнова на црковниот живот, имајќи ги предвид барањата и донесените резолуции на македонското свештенство и блогољубивиот народ за обнова на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква од 1943, 1945, 1946 година и нејзината обнова во самостојна во 1958 година, откако беа извршени севкупните напори за надминување, на наметнатиот политички спор со СПЦ, кога не се сакаше самостојноста на нашата света Црква да се претстави пред другите сесрински православни Цркви од страна на СПЦ, а по донесената пред тоа одлука на АС на СПЦ од 1959 година, бр. 44 од 24/11 мај со која беше потврдена нашата самостојност, не можевме да прифатиме, како Црква повторно да се најдеме во положба од пред 1941 година, немавме друга алтернатива, моравме да смогнеме сили и да пристапиме кон обнова на целосната Автокефалност на нашата Света Црква.
Гласот народен, чувствуваме дека е и глас на Бога. Затоа и го послушавме! И, еве, од историските настани од 1967 година не делат полни 40 години. Тогаш во црквата „Свети Климент"- „Света Богородица,, во величествениот древен Охрид, вдахновени и озарени од Бога и од мудроста и молитвената закрила на вечно живиот пред Бога Свети Климент и Свети Наум и сите македонски светии, на 17 јули во претпладневните часови, Светиот Синод, на обновената во 1958 година самостојна Македонска Православна Црква, на чело со Архиепископот Доситеј и другите боговдахновени македонски архипастири: Климент, Наум и Методиј, и нашата смерност, ја донесовме историската Одлука за обнова на целосната автокефалност наша света Македонска Православна Црква.

 

 
Веднаш потоа се упативме во катедралната Црква „Света Софија", каде не очекуваа членовите на највисокото законодавно тело - АЦН Собор. По презентираниот опширен елаборат и објавата на Синодската Одлука истата беше со бурни овации и голем восхит и радост поздравена и едногласно прифатена од сите членови. Овој настан претставуваше повик до целиот македонски народ за цврсто и целосно национално и духовно измирување и обединување. Оваа историска Одлука беше обзнанета со биење на камбаните во Татковината и во дијаспората, каде радоста за победата на македонската правда и вистина над неправдата беше метеорски пренесена.
Со овој историски чин засветли големата божествената сенародна македонска вистина што беше и силна гаранција дека и Македонскиот народ на црковен план ќе може да ја ужива и да и се радува на од Бога дарената полна црковно-духовна - слобода и да ја преточува во дела што ќе бидат потврда на неговото длабоко православие. Со тоа ја отстранивме двовековната обесправеност и духовна подјарменост.

Потписот на историската Одлука го ставивме со возвишен духовен и народен патриотски трепет, зашто сите знаевме дека оваа и ваква Одлука е од Бога благословена. Во тој миг бевме убедени дека ги исполнуваме заветите и светите аманети и пораки на сите доблесни македонски синови и ќерки и во овоземната и во небесната Христова Црква, заветите на сите македонски светии, учители, просветители и плејада борци и поборници за национална и црковна слобода. Тогаш зедовме свечена и заветна обврска, дека ја обновивме славата на Охридската Архиепископија, со цврста убеденост дека таа љубоморно ќе се чува и ќе се пренесува на идните генерации како израз на полнотата на нашето црковно-национално нераскинливо македонско заедништво.

Навистина е многу тешко еден период од четири децении на нашата света Црква да се претстави лесно и во ограничен термин. Бевме свесни дека борбата што ја поведовме во 1967 година   ќе   биде   макотрпна.   Но   мора   да   биде   славна   и победоносна. Впрочем, на сите во редовите на светата Православна Црква, им е познато дека на ниту една црква автокефалноста не и била лесно повратена или дарувана. И сега, се поставува прашањето зошто се уште не можевме со СПЦ да го решиме создадениот и наметнат од нивна страна исклучиво политички спор со нашата Света Црква? Затоа што, за жал, голем број од нивните великодостојници не дека незнаат и не можат туку не сакаат да ја прифатат нашата денешна реална македонска стварност. Не сакаат да прифатат и признаат дека на Балканот постоела со векови и сега постои и живее Македонски народ, обновена суверена Македонска држава и Македонска Православна Црква. Напротив, за голема жал, во отсуство и на најмалку искреност и евангелска љубов, се прави се да се разнебити се што сме создале во минатото и во текот на неколкуте последни децении, со цел да не обезименат, од нас да направат аморфна маса и на крајот да не нема и како нација и како држава и како Македонска Православна Црква. Оваа е вистината.

И покрај искушенијата низ кои се уште минуваме, ние со право се надеваме дека ќе надвладее љубовта и трезвениот разум кај великодостојниците на сестринските православни цркви и дека за не долго ќе се најдеме на заедничка евхаристичка трпеза како вистински рамноправни чеда пред Бога.

Тој историски настан ни помогна да го доживееме новото воскресение на нашето сенародно, црковно-духовно живеење и творење во Татковината и во дијаспората. Плодовите на нејзиното творештво од 1967 година преку нејзиното организирано живеење се импресивни. Во еден подолг период доживувавме вистинска ренесансна преродба и покрај огромните тешкотии и искушенија со кои се соочувавме.

Во дијаспората без присуство на нашата света Црква не бевме ниту познати, ниту припознати. Изградени се преку седумдесетина великолепни цркви, манастири и културно-просветни центри. Во нив се познаа и препознаа дека се сеодајни чеда на Македонија и на нашата Света Црква, околу 1.000.000 македонски синови и ќерки. Се покажа и се докажа дека нашата Света Црква е најсилната обединувачка духовна снага, особено, за нашите распрснати по светот верни македонски синови и ќерки.


И покрај се, притисоците од страна на СПЦ стануваа се пожестоки со цел да се оспори и целосно да се дискридитира самостојниот статус на нашата Света Црква, со кој се здобивме во 1958 година, а истиот беше потврден во 1959 година од највисокото тело на СПЦ - Архиерејскиот Собор со следната Одлука: „Светиот архиерејски Собор констатира; дека епархиите Скопска, Охридско - битолска и Злетовско - струмичка на Црковно - народниот Собор одржан на 4 - 6 октомври 1958 година во Охрид се издвоиле во самостојна Македонска Православна Црква која се управува по Уставот донесен на тој Собор“. Во 6 - та точка се додава: „Со тоа престанува да важи Уставот на СПЦ за епархиите и архиереите во Република Македонија,,.


Чашата се прели кога СПЦ почна да врши притисок над нас да престанат да делуваат нашите црковни општини во диаспората. Имавме 4 организирани црковни општини 2 во САД - во Гери и Колумбос, црквата „Свети Климент,, во Торонто и првата црква „Свети Ѓорѓи,, во Мелбурн - Австра-лија. Во меѓувреме имеше иницијатива за организирање уште на неколку црковни општини. Со тоа навистина СГТЦ ја прели чашата. Ваквиот однос апсолутно за нас беше неприфатлив, крајно навредителен и опасен.
Размислувавме за отварање Богословско училиште за школување свештенички кадар и за диаспората. Никако не сакаа да слушнат. Не упатуваа на Српските богослови во Призрен и Раковица. За наш богословски факултет не смееше збор да се прозбори.
Ваквите постигнувања и го определуваат вистинското место, почит и возвишена позитивна улога на нашата Света Црква, а сето тоа за добробитот на нашиот благороден народ и нашата мила Татковина Македонија.
Нашата света Црква ќе продолжи одлучно и понатаму да чекори   по   патот на своите определби. Ке бдее над остварените црковно-национални свети идеали. Ќе продолжи да се бори и да помага за запазување на честа, славата и достоинството на својот народ, целовитоста на нашата Татковина и автокефалниот статус на нашата света Македонска Православна Црква.


На тоа не повикуваат душите од небесната Црква и пролеаната маченичка света крв, од длабочините на македонската земја, на сите македонски синови и ќерки кои кога требало умееле еднаш херојски да умрат, за честа и славата на Македонија и на нашата света Црква, за вечно да живеат овенчани со ореолот на вечната слава и горе на небото и овде на земјата. Затоа сплотени околу стожерот на нашата света Црква и Татковина да живееме и да твориме предано за Македонија и за нашата света Црква, со осведочена искрена љубов, за и тие да живеат вечно за нас и со нас.
Охридската Архиепископија, односно, и денешната наша света МПЦ никогаш не била автономна. Таа секогаш го имала достоинството архиепископија па дури и патријаршија. Ние сме должни да и го повратиме и патријаршиското достоинство.

Летото 2007 Господово, е од особено значење за верните македонски чеда, одбележуваме 40-годишното творештво и растеж на нашата возобновена древна Охридска архиепископија, како автокефална Македонска православна црква. Колку за потсетување: На 17 и 18 јули 1967 г., во нашиот древен Ерусалим, во Охрид, ја поправивме големата историска неправда од 1767 г. кога неканонски беше укината нашата Охридска архиепископија. Со историската одлука Светиот архијерејски Синод, потврдена на Црковно-народниот Собор, ја вративме духовната слобода на нашиот народ и правото на полно црковно и духовно живеење и творење во татковината и во дијаспората. Со тој чин му ги вративме: честа, достоинството и гордоста на нашиот род, на татковината и на нашата Света Црква, која има апостолско преемство.

Во нашето големо црковно-духовно и културно-просветно сенародно дело низ столетија се вградувале голем број творци, молитвеници, светители, маченици, кои Господ ги признал и ги потврдил за свети и достојни. Тие охристовени свети мажи, кои чекореле по македонската библиска земја, му припаѓале на македонскиот народ, кој за жал, од некои се уште е негиран, а неговата Црква оспорувана. Плејадата македонски просветители и учители нам и на светот му дарувале грандиозни епохални дела. Но, и покрај тоа, се уште некои соседи негаторски се однесуваат кон се што е македонско: и црква, и нација и држава. Нашата Света Црква беше укината со отоманско ираде со одлука од иноверна власт, која по каноните на Светата Христова црква не е валидна. Знаевме и бевме свесни дека црковно-духовната борба, која ја поведовме ќе биде многу тешка и макотрпна, но мора да биде победоносна. Всушност, немавме друга алтернатива. Слободата никој на никого не му ја дава на послужавник, таа треба со големи саможртви да се спечали. И наместо да преовладеат евангелската љубов и трезвениот разум кај некои великодостојници од соседните цркви и да се стави крај на вештачки наметнатиот исклучително политички проблем кон нашата Црква; кон нашиот сенароден и црковен организам, продолжија да упатуваат уште пожестоки и поотровни стрели.

Цел им беше, и натаму им останува, да ги отворат незалекуваните рани на македонското сенародно тело и повторно духовно да не подјармат. Во овој четиридецениски период што се не сторивме за да се најде заедничко решение кое би било во интерес на светото православие. Но, ништо не помогаа. Зошто? Кај некои наши соседи не постои желба, нема подготвеност, а нема ниту трошка христијанска евангелска љубов да сватат дека ние постоиме, живееме и твориме на овие балкански простори и секаде каде не има по светот и како христољубив македонски народ, како суверена македонска држава и како жива автокефална Црква. Да му благодариме на Бога што успеавме да ги ослободиме нашите од други затрупани вековни корени. Благодарение на што на секој план се видни плодовите од нашето слободно црковно живеење. Изградени се и обновени стотици цркви и манастири во татковината и во дијаспората. Ги отворивме нашите две просветни инстутиции, Средното богословско училиште и Богословскиот факултет, каде се школуваат македонските пастири и архипастири. Ја издадовме и неколку пати ја преиздадовме Библијата на македонски јазик, како и многу други богословски книги. За потребите на нашата Света Црква три пати подготвивме и осветивме Свето Миро. Почнавме со 3 епархии и 3 архијереји, а сега имаме 10 епархии и 11 архипастири, двојно повеќе авангардни македонски пастири и голем број монаси и монахињи, кои мисионерствуваат на сите континенти. Што е најважно, го имаме нашиот благороден верен народ, кој бескрајно си ја сака и почитува мајката Црква како своја родена мајка.

Осврнувајќи се на дејноста и на творештвото на нашата Света Црква на северноамериканскиот континент, со особено задоволство и неизмерна ахрипастирска благодарност сакам да нагласам дека организацијата "Обединети Македонци" одигра грандиозна улога за нашето иселеништво, особено во Канада. Формирана во шестата деценија од минатиот век во космополитискиот град Торонто, таа уште од зародишот, во своите долгорочни, програмски и стратешки цели, знаеше што сака. Голем број ентузијасти, доблесни македонски синови и ќерки, проникнати од чесно македонољубие, ги поставија каментемелниците за организирање на нашиот народ, освен на културно-просветен, и на патриотски и црковен план. Ним им ја должиме изградбата и на првата македонска црква во Канада, катедралата "Свети Климент Охридски", Торонто. Тие високо го издигнаа аловото македонското знаме, на ова прво изградено македонско светилиште и го повикаа македонскиот народ од сите катчиња на родна и мила Македонија на целосно и силно национално и црковно-духовно единство. Како резултат на нивните возвишени патриотски и црковни заложби, набрзо почна да се организира црковно-духовниот живот и во градовите Виндзор и Хамилтон, каде во полн блесок сега се вишнеат македонските цркви "Свети Никола" и "Свети Наум Охридски".

Во судбинските мигови во кои сеуште се наоѓаме, на овие балкански простори како македонска држава, народ и Црква, битно е да се потенцира дека притисоците видно се позачестени, со цел Македонија да не се најде во евроатлантската интеграција, бидејќи со тоа засекогаш на некои од соседите ќе им пропаднат нивните повеќевековни територијални аспирации. Но, бидејќи правдата и вистината се на наша страна, да се надеваме дека набрзо Господ ќе ни помогне да се најдеме на заедничка софра во НАТО и во ЕУ и со тоа засекогаш ќе бидеме ослободени од тешкото бреме, кое со векови насилно ни било наметнато и кое сме морале трпеливо да го носиме, та сега ќе се исполни времето еднаш засекогаш да го отфрлиме. Да резимираме, нивната стратегија е јасна, се удира врз Црквата со цел да се разнебити РМ и да се обезимени нашиот народ. На еден народ да му го одземеш името исто е што и да му ја одземеш душата - да му го одземеш животот. Рековме дека се удира по се што е наше светомакедонско и за навек неменливо. Сите заеднички имаме свет завет да се бориме за да опстоиме зашто знаеме дека: Со векови библиска Македонија е поробувана и парчосувана, а над богољубивиот христијански македопски народ е вршен терор и геноцид до истребување од некои соседни држави, за жал, со помош и на некои од црквите со кои и денес војуваме. И денес некои не ни ја признаваат Црквата, други државата, трети народот, а и светото крстено име-македонско. На вистината треба да и погледнеме в очи. Од Македонија и од МПЦ нема повеќе што да се черечи и што друго да се одземе. Ако тоа го дозволиме Македонија и МПЦ ќе бидат обезличени. Имаме ли излез? Им порачуваме да знаат дека не ќе можат никогаш да не откопачат. Господ е со нас - ја имаме Неговата закрила. Тие што и понатаму продолжуваат да се однесуваат непримерно кон Нас не ја научиле и една друга голема вистина за македонскиот народ. Ние сме како тревата троска и како капината, што повеќе ја копачиш и сечеш тие повеќе вирајат и бујат.

Ние затоа и викаме дека сме библиска земја библиски народ, а и Црква со апостолско преемство. Воздигнати и возвеличани сме од Бога на највисок пиедестал со тоа што сме внедрени во книгата на вечноста, во книгата на мудроста над мудростите, во Светото Писмо - во Библијата. Тој дар и таа чест и слава, која ни се дарувани од Бога никој не може да ни ги одземе, ако тоа ние не му го дадеме. Никој не може да биде посилен од Бога. Господ и историската правда и вистина се на наша страна. Та она што е од Бога создадено, да живее, ќе живее и ќе опстојува се додека векот векува и светот светува. Мораме да се надминеме себеси и да се трудиме, преку светоста на нашата мајка Црква да ја зачуваме вечноста и на татковината и на нашиот страдален македонски народ.

Затоа со право македонските верници, свештениците, монасите и архијерејите на МПЦ ги славиме исклучително важни датума, кои ја одбележаа опстојбата на Црквата - 40 години од возобновувањето и 240 години од укинувањето на Охридската архиепископија.

Без обнова на автокефалноста на нашата Света Црква во 1967 г. не ќе можевме да зборуваме за вакви импресивни резултати. Денес сите ние сме живо тело и душа на МПЦ, сите ние еднородените по дух и крв Македонци, каде и да сме по светот. Затоа во чествувањето на сите наши годинашни празнични светодени особено го нагласуваме 40- годишниот јубилеј на нашата автокефална Светиклиментова Црква. Со тоа ќе се поучиме како македонскиот народ, МПЦ и нашата таковина ќе можат да живеат во радост, среќа и благосостојба. Нашите предчественици на татковината и го поклонувале највредното, најсветото своите животи за нејзина духовна и национална слобода. Затоа ние треба да бидеме исполнети со искрена и нелицемерна љубов за да ја зачуваме нашата слобода. Слободата и суверенитетот на Македонија, како и автокефалниот статус на МПЦ нека ни бидат наша света и заветна обврска. Слободата, државотворна и црковна, многу тешко се спечалува, а уште потешко се зачувува над нив треба постојано да се бдее. Да градиме, да не разградуваме, да не ја нагрдуваме, туку да ја разубавуваме Македонија, бидејќи треба да ја зачуваме таква каква што од Бога ни е дарувана, раскошна со сите убавини - како што вдахновено ќе ни порача македонскиот поет „Море погледаш или езеро, сегде Божја Убавина,,. Затоа ниту еден досегашен акт во разговорите со СПЦ не може да биде повалиден за нас како Црква, од одлуките на МПЦ од 1958 г. и одлуката на Архијерејскиот сабор на СПЦ од 1959 г., како и одлуките и резолуциите од највисоките органи и тела на МПЦ, вклучувајќи ја и историската одлука од 1967 г. за целосна обнова на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ.

Имаме наша суверена македонска држава од чија највисока власт и од највисокото законодавно тело: Македонскиот Парламент имаме целосна поддршка за автокефалниот статус на МПЦ таа поткрепа ја имаме и од сите врвни научни и просветни институции. Во тој контекст, имаме парче слободно македонско небо; македонска армија и полиција. Ги имаме нашите народни авангардни пастири, нашето монаштво, нашите еснафи - големи дарители, на нашите многубројни древни цркви и манастири, вечни жаришта и чувари, колку на црковно-духовниот толку и на македонскиот национален идентитет. Побитно, имаме и наши светии и светители кои: "Господ ги признал и ги канонизирал, додека грешниот човечки фактор не ја признава Црквата во чии граници тие живееле". Знаеме како и на кој начин при создавањето на Кралството СХС на СПЦ и биле подарени денешните наши епархии.

Ако не ја обновевме древната и славна Охридска архиепископија во 1958 г. во самостојна, и во 1967 г. во автокефална, денес олицетворени во нашата жива и делотворна Светиклиментова МПЦ, не ќе можевме да ги имаме сите горенаведени скапи придобивки. Затоа моравме да ја извршиме нашата света црковно-патриотска задача и да ја отстраниме големата историска неправда, која им беше нанесена на нашиот народ и на Светата Црква. Во спротивно, и натаму ќе дозволевме особено во диаспората, да се полнат касите на душманите а тие уште понавредително да дејствуваат спрема нашиот народ. Ќе талкавме по светот како заплашени и задивени пилиња без квачка - ниту познати ниту припознати. Преку Црквата станавме познати, припознати и зачестени.
Ќе требаше ли и натаму да веруваме и да дозволиме лисиците да можат да ги чуваат пилињата. Туѓинец пастир стадо не чува! Тој го уништува и го разграбува. Затоа мораме да одговориме на прашањето, што нам ни е потребно за да опстоиме како автокефална црква? Архипастири, пастири, свештеномонаштво, народ, верници, светилишта, цркви и манастири, црковно културно-просветни центри, највисоки научни и просветни институции, слободна земја и суверена држава. Ги имаме сите спечалени брилијантни камења нанижани на бесмртниот сенароден Светиклиментов гердан, кои не прават да бидеме уште погорди и почесни верници и сеоддајни чеда на нашата мила и напатена татковина Македонија.

Инаку несакајќи да се разреши наметнатиот спор со нашата Света Црква се измислуваат некои посебни канони. Се знае кои се каноните и што тие пропишуваат за една црква да се стекне со автокефален статус. Пред се, треба да знаеме дека не станува збор за прв пат прогласување автокефалност на нашата Црква (таа опстојуваше како автокефална Охридска архиепископија до 1767 г.). Бевме должни да го обновивме нејзиниот автокефален статус. Како Свет Синод се трудевме во ништо, и тогаш, и денес да не отстапиме од каноните на Источната православна црква. Значи, се што е сторено при обновата на нашата Света Црква, 1958 г. и 1967 г., е направено во согласност со светите канони. Во историјата на создавањето на источно православните цркви, државниот суверенитет на еден народ бил целосен предуслов за црковна автокефалија, на независна суверена држава и припаѓа автокефална црква. На пример, при доделувањето на автокефалијата на Полската православна црква во 1925 г. патријархот Константин IV во Томосот напишал: "Раководејќи се од наредбите на Светите канони кои определуваат - црковната организација мора да се прилагодува на политичките и на друштвените форми (IV Вселенски собор 17 правило и VI Вселенски собор, 38 правило)".

Ќе повторам - 1959 г. добивме самостојност од СПЦ. Што сега бараат? Бараа, и продолжуваат да бараат да биде како и порано, да се вратиме во положба од пред 1941 г. Сакам да нагласам дека СПЦ нема право да се меша во диацезата на нашата Света Црква, со цел да се дискредитира нашата Света Црква, а не да се најде заедничко разбирање за надминување на наметнатиот политички проблем. Инаку, како би ја разбрале пораката на епископот Атанасије Јевтиќ: "Кога ќе сретнам барем еден Македонец на Камениот мост во Скопје, тогаш ќе дадеме црква во Македонија". Да не наседнуваме на било какви провокации и да не дозволиме да ни ја разградуваат нашата Света Црква. Пред се, мораме да веруваме во нашата семакедонска правда и вистина, во нашиот богољубив народ бидејќи ако живееме со Бога и со нашата вера и народ, тогаш и најзакоравените душмани ќе мораат да ја прифатат нашата вистина и да ја признаат МПЦ, која успешно плодотвори 5 децении од 1958 година. Мораме да потенцираме дека имало и други цркви кои чекале подолг период и од нас и биле признати и успеале да се потврди нивната автокефалност.

Верувам во нашиот народ и во татковината и во дијаспората дека нашата вистина, нашето чувство, нашиот инстинкт, да не речам нашиот "фанатизам", нашата истрајност за вековит опстој отсекогаш била многу силна, така што македонскиот дух и непокор не може никој да ги скрши. За нашите дејанија отчет ќе даваме пред единствениот праведен Судија - напшот Спасител Господ Исус Христос, главата на Светата Црква.
Господ нека не умудрува и води по патот на спасението за наше целосно помирување, обединување, почитување и искрена доверба.
 
Господ на мирот и на љубовта да биде со сите нас, сега и секогаш и низ сите времиња и вечности. Дај Боже да одбележуваме и да им се радуваме на уште поголеми јубилејни празнувања и постигања.



                                       
За многу години, Високопреосветен Владико Свет!



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

08/01/2025 - среда

Собор на Пресвета Богородица; Спомен на бегството во Мисир; Преподобен Еварест; Свети Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски; Преподобен Константин Синадски; Преподобен Никодим Прилепски-Тисмански;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови Дваесет илјади маченици во Никомидија 28 декември / 10 јануари 2025

Тропар на светите Христови Дваесет илјади маченици во Никомидија 28 декември / 10 јануари 2025

Како темјан благоухан, Црквата ги принесе молитвите, на дваесетте илјади маченицикон Тебе о Христе Боже,примајќи ги нивните души во рацете...

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани  27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани 27 декември / 9 јануари 2025

Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата,  светите Теодор и Теофан,денес црквата ги возвеличува,  Христос ги прославува,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная