Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 94)
Во она време дојде Исус во Ерихон и минуваше низ него. И ете, некој човек по име Закхеј, кој беше началник на митниците, и беше богат, сакаше да Го види Исус, Кој е Он, но не можеше од народот, оти беше низок. Затоа истрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да мине.
Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна угоре, го виде и му рече: „3акхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.“
И тој веднаш слезе и Го прими со радост. И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде во куќата на грешен човек.“
А Закхеј застана и Му рече на Господа: „Господи, еве половината од својот имот ќе го дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам.“ А Исус му рече: „Денес дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син Авраамов. Оти, Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното.“