Нека се исправи молитвата моја, како темјан... (Псалм 140)
Братството на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, Берово, од пред извесно време отпочна со изработува мирислив темјан. Темјанот се прави според оригинален светогорски рецепт. Во рамките на Православна Црква вака приближно се прави ароматизиран или мирислив темјан. Суровиот темјан е основа, од кој се прави фин прав и потоа се меша со различни слатко миризливи есенцијални масла. Миксот на темјанот потоа се меси во вид на плоча приближно 5 милиметри тенка и се суши цела недела т.е додека плочата не се стврдне. Потоа се сече во мали парчиња потсетувајки не на оригиналниот суров темјан.
Цветните темјани се најпознати и најбарани (розата е меѓу најпопуларните), но цитрусот како што е лимонот или пак портокалот не е непознат. Во овој момен, братството произведува 10 видови, меѓу кои темјан со мирис на: гарденија, кипарис, трендафил, миро, мирта, ориент ( микс на ориентални цвеќиња), воден цвет, терирем, пустински цвет, јакинт(зумбул од галија). За примена, една или две парчиња во исто време се ставаат на жежок јаглен внатре во кадило.
Во христијанската вера кадењето е пропишано, било како чин на припрема и осветување или како израз на свето постоење. Со кадењето на икони или на насобраните луѓе, на секој човек му се признава дека е икона Божја и се врши возвишено повикување на светост.
Темјанот може да се набави во мало пакување- од 10 грама, но и во поголемо – од 0, 5 кг и 1кг.
Во големопродажба цената е следна:
Мало пакување: од 10 -на продажните места, цената се движи од 50 до 70 ден.
Рефус темјан: од 0.5 кг- 700 ден.
Рефус темјан: од 1 кг- 1.400 ден.
Информации на тел: 070 362 944
Е-маил : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Посети: {moshits}