логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 11.jpg

13.jpg
Две нови избранички на свети Великомаченик Георгиј

20.jpg

23 април/6 мај 2015 лето Господово
Спомен на св. Вмч. Георгиј, Рајчица

21.jpg




Облечен во Христовото сеоружје, се најде пред оние што те бараа, Георгие, зашто ти, горејќи од ревност за Христа и, потсмевајќи се на лажните богови и на свирепоста безбожна, на беззакониците им викаше: Ниту ѕверовите, ниту колите, ниту некоја друга мака, не ќе можат никогаш да ме одделат од љубовта на мојот Христос. Него моли Го, да ги спаси и просветли душите наши. (Од Стиховните стихири)

01.jpg

02.jpg

Чудесен и искуствено разнобоен е подвигот на еден монах кој, подобно на мачениците, живее неодделен од љубовта на Христа, пиејќи од непресушниот извор на водата на бесмртноста, на благодатта Божја која му помага да ги раскине ропските окови на гревот и смртта, правејќи од него ново битие, слободно пред Бога. Секојдневно тој се движи по божествената лествица, изнесувајќи ги пред Бога своите воздишки, своите копнежи и обиди да влезе во „горната одаја“, во прегратките на радоста и љубовта Божја. Знае тој дека монашкиот живот е живот крунисан со венец исплетен од надежите, потребите, молбите на оние кои го опкружуваат, но крунисан е тој и со мачеништво. Зашто, според зборовите на нашиот најмонахољубив Старец, Архимандрит Партениј „како што мачениците ги наведнувале своите глави пред незнабошците и непоколебливо кажувале: ‘Да, јас сум Христов’, така и монахот секое утро се буди во својот манастир и на сиот свет му објавува: ‘И јас сум Христов’“. Секое утро тој излегува пред олтарот на славата, пред Престолот Божји и повторно ги полага заветите пред својот Младоженец - дека со Негова помош и денес доброволно избира да Му служи, да Му биде соучесник во пресоздавањето, во исцелувањето, во страдањето и воскресението. Се поткрепува тој, спомнувајќи си за хероите на верата чиишто маченички подвизи сведочат за победата на доброто над злото, на животот над смртта.

07.jpg

И станува јасно зошто Раичката обител толку торжествено го прославува споменот на својот небесен покровител, св. Георгиј Победоносец, чиишто молитви и благослов таа ги чувствува како духовен плашт што ја закрилува. И не само тоа: овој храбар воин, проповедник на Воскресението, со своите маченички подвизи, стекна слобода пред Бога усрдно да се застапува за сиот православен род. Неслучајно некои земји, како на пример православна Русија, го избрале за свој патрон и заштитник, бидејќи во него нашле пример за издржливост во страданијата и непоколеблив поборник за вистинската вера.

09.jpg

12.jpg

И ете, денес со свештена радост е исполнета Црквата Христова, собрана да го прослави споменот на славниот Христов воин, Георгиј, кој повторно го излева својот штедар благослов. Победоносно ги објавува тој од Бога испратените плодови на раичката добра нива, кои сега се раѓаат за да благоухаат со мирисот на добродетелите, за да растат и достигнат совршена возраст „по мерата на растот Христов“. Денес ликуваат и срцата на оние мнозина, кои тука притекнаа за да учествуваат во овој единствен по својата убавина настан, и пред Бога да ги положат своите силни надежи во двете нови молитвенички за нашиот род. Во овие надежи на многубројниот верен народ му се придружи и нашата драга гостинка, сопругата на рускиот амбасадор во Македонија, г-ѓа Лариса Шчербак, која ја искористи можноста да приложи молитви за својата земја и за двата наши братски народи пред чесните мошти  на св. Георгиј. И како, восхитено од тоа молитвено собрание, да не потскокнува од радост срцето на нашиот Старец, кој со татковска прегратка духовно ги прегрнува своите рожби во Христа, Душица и Маја, таинствено воведувајќи ги во благодатните предели на монашкиот живот! Невидливо присутна е сега тука и Пречистата Мајка Христова, заедно со преподобните, светиите и мачениците, кои молитвено го набљудуваат ова свето небоземно собитие. И среде тој насјвештен собор на небесните и земните, во мигот кога нашиот почитуван владика, митрополитот Тимотеј, со своите архипастирски раце го извршува монашкиот потстриг, се слушаат имињата на двете нови Христови невести, Теодора и Макрина, кои со таинствена и нераскинлива врска духовно се сродуваат со преподобните мајки наши Теодора Александриска и Макрина, сестрата на св. Василиј Велики. Седобриот Бог ги преблагословува овие два Негови крина, за да бидат утеха и столб неразрушлив, образ и слава Божја, радост на ангелите и потврда за воскресението од мртвите. Митрополитот Тимотеј, пак, во својата пастирска беседа не изостави уште еднаш да ги потсети новите монахињи, но и сите нас, дека монаштвото е подвиг еднаков со мачеништвото. А Старецот, преполн со татковска љубов и грижа само за едно се моли – за нивните срца, нивните молитви да бидат постојано исправени пред Христа, Кого ќе Го прославуваат, фалат и сведочат пред целиот свет; за нивната проповед, составена од добри дела, да „се разнесува по целата земја“; за и тие по примерот на св. Георгиј да стекнат победа над сите страданија, стравови и немоќ човечка, та да би можеле да извикаат: „Смрт, каде ти е осилото? Аду, каде ти е победата?“ „Воскресна Христос и демоните паднаа. Воскресна Христос и животот победи“.

Радосниот и победоносен одек на воскресението најсилно се почувствува на светата архиерејска Литургија следниот ден. Во тие торжествени мигови благодатта што Победоносецот Георгиј обилно ја излеа над нас и која безмерно се умножи од примањето на светите Христови Тајни, најпосле беше запечатена од поучната беседа на нашиот почитуван архиереј. Истакнувајќи ја особено онаа најважната задача што ние како христијани ја имаме - подобно на Божествениот Сејач, преку подвигот на љубовта да го сееме семето на верата и насекаде да го проповедаме и сведочиме Христовото Воскресение, митрополитот Тимотеј во својата поучна беседа го посочи како пример св. Вмч. Георгиј како еден моќен исповедник на Христовата вистина:

24.jpg

„Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Драги браќа и сестри,

Уште на нашите прародители, кога беа создадени и беа поставени во Едемската градина, Бог им даде еден подвиг. Тој подвиг се состоеше во почитувањето на Божјата заповед. А Божјата заповед беше да не јадат од забранетиот плод. Но, како што знаеме, тие не го испочитуваа овој подвиг и ја нарушија Божјата заповед. За непослушноста беа истерани од рајот, а како плод на гревот настапи смртта. Но, милоста Божја не го заборави човечкиот род. Господ Исус Христос секој еден од нас, постојано го повикува на подвиг. Различни се повиците и различни се побарувањата во одредени временски периоди. Некој од нас, можеби ќе биде повикан на подвиг којшто ќе го загрозува неговото здравје, неговиот комодитет, неговата слобода, па, некогаш, можеби ќе биде загрозен неговиот живот.

Ние, ги знаеме зборовите на нашиот Спасител Господ  Исус Христос кога вели: „Ако светот ве мрази, знајте, дека Мене светот уште пред вас Ме замрази“ (Јован 15, 18). Но, во исто време Господ, исто така, вели: „Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите, дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13, 34-35). Можеби некој ќе каже дека овие два принципи изгледаат контрадикторно. Но, не треба да се заборави, и треба да се знае, дека Господ Исус Христос ја донесе Неговата блага вест, односно, го донесе светото Евангелие во овој паднат свет. Во светот во којшто царуваат човечките слабости, страсти, похоти и гревови. Па, голем број луѓе, избираат да живеат, не според Божјата заповед, туку според стихиите на овој свет и според телесните слабости и похоти.  Љубовта, која Господ ни ја дава да ја укажуваме помеѓу нас, честопати, од луѓето на овој свет се карактеризира како нешто чудно, како нешто страно. И од истите тие луѓе, на таа љубов ѝ се дава отпор. Па така, словото Божјо, донесено и посеано од нашиот Спасител, честопати паѓа на разни почви, односно на камени и суви места. Места обраснати со трње и коров, и места кои не даваат доволен плод. Да се поучиме од евангелската парабола за сеачот. И ние, како луѓе и пред сè како членови на Христовото Тело, должни сме да го сееме и да го проповедаме словото Божјо. Со тоа ќе ја исполниме нашата обврска. А дали посеаното ќе даде или нема да даде плод, тоа не зависи од нас. Тоа ќе биде според Божјата волја и ние за тоа не треба да се грижиме. Затоа што, ако Бог сака, нашата проповед и нашето учење, ќе најдат плодна почва и ќе дадат соодветен плод. Ако, пак, Бог не сака, независно колку ние да се трудиме и грижиме, плодот нема да има успех. Господ Христос ни ги пренесува зборовите на старозаветниот пророк Исаија и вели: „Со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите (Матеј 13, 14)

Но, ние, како христијани, должни сме да се угледаме на примерите од евангелската вера. На примерите на мачениците и исповедниците. На оние кои го следеле Христовиот пат. Нив, никакви овоземни нешта, слави, богатства, положби, не можеле да ги попречат и да ги оттргнат од патот кој го следеле, односно, од Христовиот пат. Никакви прегради и препреки, не можеле да го засолнат  Христовиот лик. Овие Божји угодници, кога им дошол денот да ја исповедаат својата вера, без никакво колебање ги давале своите животи за Христа. Со тоа, пак, донеле голем плод во нивата на Црквата Христова, според Господовите зборови: „Вистина, вистина ви велам: ако зрното пченично, што паднало на земјата, не умре, останува само; а ако умре, ќе донесе голем плод“ (Јован 12, 24).

Господ Исус Христос, на секој еден од нас, нè повикува да умреме за овој свет, па слично на тоа пченично зрно, да донесеме голем плод.

Ние, како христијани, во нашето размислување и во нашето живеење, како главна цел треба да ги поставиме, евангелските заповеди на Црквата Христова. И тие, да бидат првостепени во нашиот живот, а сè останато да биде второстепено. Ако го насочиме нашиот внатрешен живот кон Христа, и ако постојано се потсетуваме дека Христос и неговите свети заповеди се главни во нашиот живот, тогаш ќе бидеме плодотворни секој ден, во целокупниот наш живот и ќе бидеме подготвени да го извршуваме подвигот на исповедништвото. Ќе бидеме подготвени и во одреден ден, кога можеби Господ некого од нас ќе го повика да Го исповеда Христа на поинаков начин. Тогаш и Бог ќе даде сила, енергија и благодат, тоа да се случи, па дури и ако е потребно со страдање заради Христа. За тоа ни сведочат безбројните исповедници и маченици, кои биле повикани да го сведочат Христа, нежалејќи ги своите животи, туку со радост и песна оделе на страдања, жртвувајќи го овој привремен живот.

Денеска нашата света Православна црква го прославува св. вмч. Георгиј Победоносец. Како што знаеме од неговото житие и од историјата на Христовата Црква, овој млад, енергичен, силен војсководец, презрел сè. Ги презрел сите почести и сите овоземни благодетти, но од Христа, не само што не се откажал, туку го жртвувал својот живот, посведочувајќи дека е вистински Христов војник. И ние денеска, наоѓајќи се во овој свет манастир, да се обратиме со искрена молитва кон св. Георгиј, тој да ни ја зацврсти нашата православна вера, па и ние да можеме да го исповедаме, проповедаме и да го посведочуваме словото Божјо на секое место од нашето живеење.

По молитвите на св. вмч. Георгиј, Бог нека ги услиша нашите прозби и нека ни биде честит и благословен денот.

Христос воскресе!“

27.jpg

31.jpg

34.jpg

39.jpg

40.jpg

41.jpg

44.jpg

46.jpg

Повеќе

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная