Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот. Во својот надворешен облик, ова е молитва кон Второто Лице на Пресвета Троица, Господ Исус Христос. Но, и другите две Личности се присутни, иако не се именувани. Зборувајќи за Исус Христос како Син Божји, ние укажуваме на Неговиот Отец, а Светиот Дух е исто така опфатен во нашата молитва, бидејќи "никој не може да рече Господ е Исус, освен Светиот Дух" (1 Кор.12,3). Исусовата молитва не е Христоцентрична, туку таа е (Свето)Троична. А, целта не е само личноста одвреме навреме да ја изговара молитвата,туку личност која е молитва постојано. ("Православниот Пат"-митрополит К. Вер)
Лето Господово 2015