Денес, 25-ти февруари 2015 година, во средата од првата седмица од Великиот, кога Македонската православна Црква- Охридска архиепископија, молитвено го слави споменот на свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски, во храмот на св. Петка (во скопската населба Црниче), старешината на храмот отец Томе Велјановски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.
Старец Паисиј Светогорец
Послушникот бива смртно повреден кога нема смирено и искрено да му се открие себеси на Старецот. Како што болниот не може да се исцели ако не му покаже на лекарот каква му е раната или болеста, зошто продолжуваат болките или температурата... така и послушникот, кога нема да му ги покаже своите душевни рани на својот духовен лекар - не се исцелува. Тоа што го спречува да покаже од што боледува е неговиот егоизам. Според тоа, чеда мои, да го фрлиме под нозете тој змеј и да го погубиме со мечот на Светата исповед и со земање духовни лекови од духовниот лекар, Старецот, кој нам ни ги дава заради нашето исцелување.
Преминпортал (к.т.)