(Од архивата на Преминпортал)
„За оваа фреска ми рекоа дека била чудотворна.
Некое дете( кое сега имало 40 години), не зборувало; пред оваа фреска му била прочитана молитва, и прозборело...
Ова ми го кажа еден човек кога бев внатре во манастирот и ми ја покажа
фреската ... без јас да го прашам,... и сега дали човекот , доаѓа
овде?( навистина не знам зошто , понекогаш прашуваме некои работи ...)
О , да !- ми рече раскажувачот,... да секоја година доаѓа...
Ми се чини, дека всушност, разговарав со тоа дете кое не зборувало кога било мало... “
21-ви ноември, лето Господово 2014