Авва Марко
Чувството на благодарење во моментите на искушенија претставува сила која ги изгонува нападите на искушенијата. Оној кој сака да ги победи искушенијата без молитва и трпение нема во ништо да успее. Наместо да ги изгонува, тој сѐ повеќе се заплеткува во нив. Кога ќе те нападне искушението, не ја испитувај причината ниту личноста преку кои тоа дошло, туку гледај како ќе го истрпиш а да не те обземе штетна тага или братоубивствено злопаметење.
+++
Преп. Лев
Треба да бидеме уверени, дека Промислата Божја секогаш промислува за нас и сè устројува за наше добро, иако и со случаи спротивни на нашата волја.