- Ако ти изгледа, дека сите околу тебе те навредуваат, дека сите се виновни во твоите несреќи, дека заради нив тебе ти е лошо – најпрвин направи го она, што треба да се направи во било која тешкотија: смири се.
Успокој се, стиши се и сети се на тоа, дека ништо што се случило – не е случајно, дека Господ го допуштил тоа. И кога ќе се смириш, ќе сфатиш што треба да правиш понатака. Или ќе останеш покрај тие луѓе и и понатаму ќе се усовршуваш, ќе се учиш да ги сакаш, зашто Бог сака, како и претходно да бидеш со нив. А можеби, сега е вистинското време да се разделиш со тие луѓе? И на тој начин, ти ќе се избавиш од многу непријатности, но овојпат сосема на друг начин. Еве во што е разликата. Ти ќе си заминеш од тие луѓе и повеќе нема да бидеш човек со кого можат да постапуваат како што сакаат. Но, ќе си заминеш без омраза и нервоза, без злоба и кавги.
Архимандрит Андреј (Конанос)