Скопје, 09.11.2014 год.- храм Свето Благовештение
Старец Софрониј
- Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ѝ се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.
- На 9- ти ноември 2014 година, во дваесет и втората недела по Пеесетница кога Црквата Христова ја прославува победата на светиот маченик Нестор; Преподобен Нестор Летописец; свети Андреј, кнез смоленски, во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, свештеникот Александар Цандовски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, отецот го протолкува денешното Евангелие..
Преминпортал (к.т.)