Да ни даде Бог мирен и душеспасителен живот, според образот на учењето Христово, а не кодови на граѓански закони – заб за заб.
Преп. Мојсеј
Да живееш мирно, зависи од тебе. Ќе потрпиш – и ќе имаш мир. А ако почнеш да враќаш зло за зло – и мирот ќе отстапи и Бог ќе го остави оној што сам суди. Каде што е мирот – таму е и Бог. Во мирот е Неговото место.
Преп. Анатолиј
Сè трпи – ќе бидеш мирна, и на другите ќе им дадеш мир! Ако почнеш да се пресметуваш – ќе го изгубиш мирот, а со него и спасението.
Преп. Анатолиј
Каде што е Бог – таму е и мирот. И спротивното само си се покажува: каде што има завист, непријателство, нетрпеливост, самољубие – таму е ѓаволот. Каде што е ѓаволот – таму е и сè погубно, гордо,непријателско.
Преп. Анатолиј
Извор:
http://www.pppe.mk/kategorija/pouki-soveti/