с. Љубанци (скопско)- 7-ми октомври лето Господово 2014- манастир на св. Никола на празникот на светата првомаченичка Текла рамноапостолна
На 7-ми август 2014 година, во седумнаесеттата недела по Педесетница, кога Светата Црква го слави споменот на светата првомаченичка Текла рамноапостолна, во манастирската црква на св.Никола во селото Љубанци (скопско), презвитер Горан Стојчевски отслужи Божествена Литургија.
- Свети Василиј Велики
- Постот ја зајакнува молитвата. Станува нејзино крило на патот кон небото (...) Но не ограничувај ја добродетелта на постот само на исхраната. Вистинскиот пост не е само одрекување од различните јадења, тој е одрекување од страстите и од гревовите: никому да не му нанесуваш неправда. Да му простиш на ближниот за навредата што ти ја сторил, за злото што ти го направил, за долгот што ти го должи. Инаку, не јадеш месо, но го јадеш братот свој. Не пиеш, но унижуваш друг човек. (...) Оној кој сака вистински да пости, нека ја одбегнува секоја страст.
Преминпортал (к.т.)
- Друго:
- Аваа Пимен рече:
- „Ако троица монаси се заедно, па едниот од нив вистински тихува, вториот боледува и благодари за тоа, а третиот служи со чисти помисли, сите троица имаат ист подвиг.“
- Манастир Св. Никола, с. Љубанци (скопско) - фрагмент(I)
-
Ако светот ја знаеше силата на Христовото слово: “Научете се од Мене на смирение и кроткост”, тогаш целиот свет, целата вселена ќе ги оставеше сите други науки и ќе ја учеше само оваа небесна наука.
Луѓето не ја знаат силата на Христовото смирение. И заради тоа ги влече земното. Но човекот не може да ја познае силата на тоа слово Христово без Светиот Дух. А кој ја познал тој нема да ја остави таа наука, дури и да го збогатат со сите светски царства.
- Можеби овој прекрасно уреден двор ќе биде вистинска инспирација на некого да донира интересна садница или слично.
- Презентација- Манастирски дворови - Св. Никола (с. Љубанци, скопско)
- Божествена Литургија во манастир на св. Никола, с.Љубанци (20.08.2013)