Манастир на св. Никита, во непосредна близина на с. Бањани, скопско
Ноќта на 27. кон 28. септември 2014. г. кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија го слави споменот на Воздвижението на Чесниот Крст и споменот на светиот маченик Никита, во црквата посветена на светиот Никита на Скопска Црна Гора, презвитер Бобан Митевски одслужи бдение со Света Божествена Литургија. Верните се причестија со Светите Христови Тајни.
Презвитер Бобан Митевски го почна бдението во 23 ч. храбрејќи ги присутните дека имаат шанса на своите секојдневни молитви да додадат и еден подвиг. Тој истакна дека вакво подвизување е особена благодат за Православната црква но и за христијаните пошироко затоа што сме сведоци за напад врз христијанството во светски размери. Денешниот светител – светиот Никита и патрон на црквата ни е пример за сведоштво.
- Понатаму, инспириран од евангелските читања презвитер Бобан Митевски подцрта дека и ние можеме да се препознаеме меѓу надарените слуги со 5, 3 и 1 талант. И ние знаеме да ги умножиме но и да ги закопаме добиените дарови. Краен пример е подарокот на Светото Крштение кој многумина никогаш не го „одпакувале“ со воцрковен живот.
Христос ги предупредува своите ученици дека ги праќа како овци меѓу волци. Но веднаш и ги охрабрува да не се плашат затоа што ќе им го прати – Духот Свет. Овој свет не ја сака Светлината која апостолите и христијанството му ја носат и светот сака да ја згасне таа Светлина. Затоа и предходното истакнување на важноста на подвизувањето со бдениево и вдахнувањето кое ќе го примиме уверено да го сведочиме во секојдневниот живот.
- Презвитер Бобан Митевски се осврна и на појавите меѓу христијаните да се практикуваат обичаи и обреди кои немаат поткрепа во православното предание. На ваквата пракса мора да се спротивставивме со чување на православното предание и послушност кон свештенството на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Рано утрото во 05 ч. бдението заврши по што верните се подкрепија со трпеза на љубовта. Особена погодност беше организираниот превоз што им овозможи на бројните верни да земат учество во подвигот.
Преминпортал:
Ратислав Кардалев
Друго: