На 13. 09. 2014 година, на ниво на Тетовското архиерејско намесништво беше поделена хуманитарна помош во облека, што како донација пристигна од македонските иселеници во Соединетите американски држави, поточно од црковната управа и верниот народ при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Детроит. На средбата во манастирот „Свети Атанасиј“ с. Лешок, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот г. Јосиф, предавајќи ги пакетите на претставниците на црковните одсбори при градските и селските парохии на намесништвото, кои потоа треба да бидат доделени на социјално најзагрозените во населените места, го пофали ваквиот гест на нашинците од дијаспората и ја истакна својата надеж дека ваквите иницијативи и соработката ќе продолжат и ќе се интензивираат и на многу други полиња.
Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, упати писмо со благодарност до Свештеничкото братство и Претседателот и членовите на Управниот одбор при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ Детроит – САД.
За Преминпортал: Синиша Георгиев