Скопје , 5-ти август , лето Господово 2014- храм на св.вмч Димитриј, на празникот на Светиот маченик Луп
На 5-ти август 2014 година, во дванаесеттата недела по Педесетница , кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот маченик Луп , во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, свештеникот Томе отслужи Божествена Литургија. На крајот од Литургијата се отслужи мал петочен водосвет.
Удостој нè Господи, денеска без грев да нè зачуваш. Многупати ја повторував оваа молитва на Црквата. Нашиот безгрешен живот на земјата, ни ја отвора вратата кон Небото. Она што го спасува човекот не е богатството на знаењето. Животот без грев е она што нè подготвува за живот со Бога во идниот век. Благодатта на Светиот Дух нè поучува на вечните вистини според мерата на нашето живеење согласно заповедите: возљуби Го твојот Бог и твојот Создател со целото твое битие и возљуби го твојот ближен како самиот себеси. Да, исполнувајте ги секогаш овие заповеди!- Старец Софрониј
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Сведоштва:
Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (27.04.2012)