Скопје, 3-ти септември, лето Господово 2014- храм на св.вмч Георгиј
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 14)
Рече Господ: „Вистина, ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, какви и да бидат тие; но, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд.“ Тоа го рече, оти велеа: „Нечист дух е во Него.“ И дојдоа мајка Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат. А околу Него седеше народ. И Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.“ А Он им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка, или кои се браќата Мои?“ Па, како ги погледна оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа. Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“
На 3-ти август 2014 г. кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија го славиСветиот апостол Тадеј и Светата маченичка Васса и нејзините деца: Теогниј, Агапиј и Пист, во храмот на светиот великомаченик и победоносец Георгиј во Криви Дол во Скопје отец Горан Тасевски одслужи Божествена Литургија. Верните се причестија со Светите Христови Тајни.
Старец Софрониј
Постојат надворешни показатели што ни овозможуваат да пресметаме на која оддалеченост се наоѓаме од Бога: го следиме ли Евангелското Слово? Го достигнавме ли совршенството, односно љубовта за целиот свет, без да правиме разлика помеѓу непријателите и пријателите.
Преминпортал (к.т.)