Скопје, 3 .08.2014 год,- параклисот на св. Никола Чудотворец, населба Аеродром на празникот на
Светиот пророк Езекил
На 3-ти август 2014 година, кога светата Православната Црква молитвено го спомнува денот на светиот пророк Езекил, во параклисот на свети Никола Чудотворец во скопската населба Аеродром, презвитер Бобан Митевски отслужи Божествена Литургија . Кон Светиот Путир многуброен верниот народ пристапиа да се причестат.
Свети Игнатиј Брјанчанинов
Причина за солзите е духовното гледање, спознанието за својата гревовност. Причина за солзите е – сиромашноста на духот: бидејќи самата по себе блаженство, таа пораѓа друго блаженство, плач, го храни, го поддржува и го јакне. „Не потекнува плачот од солзите, туку солзите од плачот “ – рекол преподобниот Јован Пророк. Кога некој од братството ја отсекува својата волја и не обрнува внимание на туѓите гревови, стекнува плач. На тој начин се собираат неговите помисли, и така собрани раѓаат во срцето тага, плач по Бог, а плачот раѓа солзи. Солзите, кои се дар Божји, служат како знак за милоста Божја. Солзите во молитва – вели Свети Исаак Сирин – се знамен на милоста Божја, со која се удостоила душата заради нејзиното покајание, и знак за тоа дека таа е примена од Бог и зачекорува во полето на чистотата низ солзи.
Преминпортал (к.т.)