На 12.07.2014 година, во спомен на св. апостоли Петар и Павле, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија отслужи Архиерејска Литургија во храмот Св. апостоли Петар и Павле во н. Ѓорче Петров. Пред Литургијата, Архиепископот ги освети новите икони на иконостасот. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Извор: Скопска епархија