На 03. 07. 2014, на денот кога црквата го слави „Св. Наум Охридски “ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Роклин, Викторија, Австралија , се отслужи Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиски и Ново Зеландски г. Петар, заедно со Архиерејскиот заменик Протоереј Јовица Симоновски, секретарот на Епрхијата Протоереј Љупчо Каревски и игумените Гаврил и Никодим.
На Литургијата празнично слово произнесе Митрополит Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиски и Ново Зеландски г. Петар, кој не потсети на животот, делото и мисијата на Св. Наум. На неговата ревност покрај своите учители Светите Методиј и Кирил, и многубројните чуда што и ден денеска се сведоштво за овој светител.
Празничната радост се зголеми кога Митрополитот Петар го претстави Игуменот Никодим како нов Старешина на оваа света обител. Сите верници беа пријатно изненадени и со радост му благодареа на Господа и го поздравија новиот игумен.
После Божествената Литургија сите верници беа поканети на трпезата на љубовта која ја благослови Митрополитот Петар.
Со назначувањето на Игуменот Никодим за старешина на овој манастир, се оформува и вториот жив манастир во Австралија и Дијаспората воопшто. Нека ги слушне Господа нашите молитви и го умножи братството, па како печурки после дожд никнат уште многу манастири на ова парче земја.
Извор: http://www.mpceanz.org.au/%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B8%D0%B5%D1%80%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BB%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE/