Скопје, 13 .06. 2014 год.- храм на св. пророк Илија во населбата Аеродром
Во Неделата на Педесетница , кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот апостол Ерма , во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, старешината на храмот Бранимир Стојанчев во сослужение на ѓаконот Гоце Постоловски, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата се отслужи мал петочен водосвет.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 15)
Рече Господ: „На оној што бара од тебе, дај му, и не го одбивај оној што ти сака нешто на заем. Сте слушале дека е кажано – ‘Љуби го својот ближен и мрази го непријателот'. А Јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, за да бидете синови на вашиот Отец небесен; зашто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните. Оти, ако ги љубите оние што ве милуваат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и митниците? И, ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците? Но бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.“
Преминпортал (к.т.)