БОГОСЛОВСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ И МОСКОВСКАТА ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ЈА ПРОДЛАБОЧУВААТ СОРАБОТКАТА
Скопје, 9 јуни 2014 (МИА) - Архиепископот Верејскиј г. Евгениј, ректор на Московската духовна академија (МДУ), кој од денеска до 13 јуни е во Македонија, изјави дека посетата е од научен карактер и оти нема да се засега во проблемите од канонски тип. Г. Евгениј се сретна со неговиот домаќин, ректорот на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски, со кого разговараа за взаемната соработка.
Скопскиот универзитети Московската духовна академија во јануари минатата година потпишаа договор за соработка, а неколку месеци подоцна беше реализиран голем симпозиум за Светите Кирил и Методиј со учество на претставници од МДУ Богословскиот факултет при УКИМ и од Руската академија.
- Многу ја цениме оваа соработка затоа што сме словенски земји и го цениме значењето на Кпимент Охридски за образованието. Ние склучуваме вакви договори со многу универзитети со светско значење. Целта на нашата посета се, пред се, научни контакти. Овде има Богословски факултет, но и има и определени пробпеми од канонски тип коишто овој пат нема да ги засегаме. Тоа не е цел на нашата посета. Се надеваме дека тоа ќе ни помогне за решавање на нашите сопствени внатрешни пробпеми, односно не се решава сѐ со признавање на дипломите, изјави г. Евгениј по средбата со Стојковски.
Во моментов на Московската духовна академија студираат десет лица од Македонија.
- Московската духовна академија брои 700 луѓе, што не е мала бројка. Тоа што студентите учат во Москва може да резултира со некакво убпажување или некакво решавање на пробпемите коишто постојат во црковните кругови, оцени архиепископот Верејскиј и ректор на МДУ
На академијата е веќе создаден Балкански кабинет, кој според г. Евгениј е практично мост, врската меѓу двата универзитета.
- Ние се надеваме на проширување на тие контакти и на позитивни резултати од нашата соработка, изјави г. Евгениј.
Архиепископот Евгениј рече дека не е планирана служба за православните верници во Македонија бидејќи посетата е од научен карактер, но оти ќе посети повеќе цркви и манастири.
- Лично јас сум првпат во Македонија и ќе ми биде многу интересно да видам каков е животот во земјата и во црквите, изјави архиепископот Верејскиј.
УКИМ лани во јануари потпиша договор за соработка со Московската духовна академија, која што е водечка светска институција од православната теологија.
Според ректорот на скопскиот Универзитет Стојковски, овој договор за соработка е од големо значење не само за Универзитетот, туку и пошироко бидејќи отвора нови можности за соработка меѓу двата универзитети, како размена на студенти, разни научни симпозиуми и заеднички научно-истражувачки проекти.
- Како резултат на таа соработка реализиравме голем проект што заврши минатата година во септември за Светите браќа Кирил и Методиј и тоа беше голем симпозиум со учество на истражувачи од нашиот Универзитет, од МДУ и од Руската академија. Ова е навистина од големо значење за УКИМ и особено за нашиот Православен богословски факултет, рече Стојковски.
ев/са. 13:14
9-ти јуни, лето Господово 2014