Скопје, 21 05. 2014 год.- храм на св. пророк Илија во населбата Аеродром
Во Неделата на Самарјанката , кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот апостол и евангелист Јован и преподобен Арсениј Велики , во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, свештеникот Ангел Сердарски во сослужение на ѓаконот Гоце Постоловски, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Знак на покајание е кога човекот смета дека заслужува секоја видлива и невидлива неволја што ќе му се случи, па дури и нешто потешко.(Свети Јован Лествичник)
Preminportal (k.t.)