Скопје, 6-ти мај 2014 годд.- храм на св.вмш. Георгиј, н. Чаир
Тропар, глас 4.
Со добар подвиг и со вера се подвизуваше, Христов страдалецу, и нечестивоста на мачителот ја изобличи и, како жртва благопријатна, Му се принесе на Бога. Затоа прими венец на победа, и со твоите молитви, светителу, на сите им даваш прошка на гревовите.
Во Неделатана жените мироносици,кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, отец Александар rотслужи Божествена Литургија во храмот на свети вмч.Георгиј во скопската населба Чаир . Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.По Литургијата отецот произнесе празнично слово.
Овие три работи Бог ги бара од секој човек којшто прима Крштение: од душата бара вистинска вера, од устата вистина, а од телото целомудреност. (Свети Григориј Богослов)
Преминпортал (к.т.)