Архиепископ Солунски
1296-1359
Свети Григориј Палама се родил во престолниот град Константинопол од високородни и побожни родители. Неговите браќа и сестри, како и неговата мајка, сите го сакаа животот по Бога.
Летото Господово 1318. Григориј отиде на Света Гора, каде брзо напредуваше во молитвениот живот. Поради наездата на Агарјаните, тој беше приморан да се оддалечи во Солун, каде беше ракоположен за презвитер во 1326. година, а потоа се умирови во затворништво во 1331. Таму напиша неколку богословски дела заради кои беше суден и одлачен во 1344. лето Господово. По промената на престолот, 1347. година, Григориј беше вратен и ракоположен за Архиепископ Солунски.
Во 1351. година, Соборот ги призна неговите списи и учење за правоверни и вистинити. Вториот Цариградски Собор во 1368. го канонизира Григориј Палама како »отец на Црквата и исцелител на болестите човечки«, со тоа прибројувајќи го на Светите отци на Црквата како светите Атанасиј и Кирилл Александриски.
Поради необично големите заслуги за Православната Вера, Светата Црква го празнува свети Григориј, покрај 14. ноември, и во втората недела од Великиот Пост, која се нарекува Недела »свэтотво1рнихъ посто1въ« или недела на »постови кои создаваат светлина«.
На оние кои Го почитуваат и Му се поклонуваат, кои Го љубат и ги творат Неговите заповеди, Он им ветува и им дава Царство Небесно, непрестајно блаженство, живот бесмртен и уживање во незалезна светлина.
Свети Григориј Палама
Посети:{moshits}
Друго:
http://www.mpc.org.mk/Knizarnica/GrigorijPalama.pdf