На 25. 04. 2014 година во манастирот посветен на Животворниот Извор на Пресвета Богородица - Источен Петок – Балаклија, во месноста Марена – Злетово, метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, отслужи света воскресенска архиерејска литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. За сите присутни верници беше организирана заедничка трпеза на љубовта во женскиот манастир Св. Спиридон, метох на Лесновскиот манастир.