логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  „На полноќ започна Воскресната литија. Народот излегува од храмот пеејќи:
Ангелите на  небесата  пеат  за Твоето воскресение, Христе Спасе наш. Удостој не и нас на земјава, со чисто срце да Те славиме.“


  Zoran.Veligden.jpg

 Пристигна Пасхата, радосниот ден на Воскресението Христово, причина на секое радување, која не посетува еднаш годишно, а оние што го поимаат таинството на Воскресението - секој ден, дури и непрестајно. Дојде и ни ги исполни срцата со секое веселие и неискажлива утеха. Не затоа што го прекина трудот на сечесниот пост, туку пред се бидејќи ја направи нашата душа посовршена со тој труд и ги повика сите верни кон почивка и благодарење...(свети Симеон Нов Богослов)

 Zoran.Veligden.jpg

 ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !

  На 19-ти април 2014 година, во храмот на св. пророк Илија, во Скопје, по трикратниот опход околу храмот,кој го симболизира Крсниот пат,  отец Зоран Стаменковиж во сослужение на отците Диле и Ангел и ѓаконот , отслужи Пасхална утрена и Златоустова Литургија. Многубројниотверен народ се причести со светите Христови тајни.

   Zoran.Veligden.jpg

 Zoran.Veligden.jpg

 Zoran.Veligden.jpg

 Zoran.Veligden.jpg

    Zoran.Veligden.jpg

  Zoran.Veligden.jpg

  Zoran.Veligden.jpg

 Zoran.Veligden.jpg

   Zoran.Veligden.jpg

 Zoran.Veligden.jpg

 Zoran.Veligden.jpg

 Zoran.Veligden.jpg

  Zoran.Veligden.jpg

  Zoran.Veligden.jpg

    Zoran.Veligden.jpg

  Zoran.Veligden.jpg

  Zoran.Veligden.jpg

  Zoran.Veligden.jpg

  Zoran.Veligden.jpg

Друго:

 ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО (ВЕЛИГДЕН)

Малку пред 12. час, ноќта на Велика Сабота се служи Полноќницата. Своштеникот ја симнува Плаштаницата од гробот, ја внесува во олтарот преку Царските двери и ја сместува на престолот, каде што останува 40 дена, до Вознесувањето Господово.
На полноќ започнува Воскресната литија. Народот излегува од храмот пеејќи:
Ангелите на  небесата  пеат  за Твоето воскресение, Христе Спасе наш. Удостој не и нас на земјава, со чисто срце да Те славиме.

Поворката го обиколува храмот и се враќа кон неговите затворени врати. И тука свештеникот свечено го објавува Христовото Воскресение (понекогаш се чита Евангелието кое раскажува за празниот гроб). Потоа тој извикува: Слава на Светата, Едносуштна, Животворна и Неразделна Троица, и по прв пат се пее велигденскиот тропар заедно со стихири од 67. псалм, со кои отсега ќе почнуваат сите Велигденски служби.
Нека воскресне Бог, и нека се развејат непријателите Негови, и нека бегаат од Неговото лице тие што го мразат.
Христос воскресна од мртвите, со смртта смртпш ја уништи, и на сите во гробовите им подари живош (топар).
Ова е ден што го создаде Господ, да се радуваме и да се веселиме во него!

Народот повторно влегува во храмот и велигденската Утрена продолжува. Храмот е украсен со цвеќа и осветлен, свештениците се облечени во најсветли и најубави одежди. Во центарот на храмот, на аналојот лежи иконата на Воскрсението, која го прикажува Христа, Кој ги разбива вратите на адот и ги ослободува Адама и Ева. На оваа служба ништо не се чита, туку се се пее. Песнопеењата на канонот од св. Јован Дамаскин се преплетуваат со тропарот на празникот. Повторно и повторно, свештеникот извикува: Христос воскресна! и секој пат народот му одговара: Вистина воскресна!
Денот на воскресението е Пасха, Пасха Господова; да се просветиме луѓе, зашто Христос Бог не преведе од смртта во живот и од земјата на небо, нас што ја пееме победничката песна (1 песна од канонот на Велигден)

По канонот се пеат Велигденските Стихири, а по нив, до завршувањето на Утрењето се пеат Велигденските Часови.
Пред почетокот на Литургијата, свештеникот свечено го чита Велигденското Слово на св. Јован Златоуст, кое ги поканува сите верници да ги заборават своите гревови и целосно да влезат во радоста на празникот на Христовото Воскресение. И ние мораме буквално да го следиме повикот на оваа проповед, и сите, без исклучок, да се причестиме со Светите Тајни на Велигденската Трпеза Господова.
Самата Велигденска Литургија исто така почнува со пеење на празничникот тропар со стихови од 68. псалм. Антифоните се состојат од соодветни делови на псалми, кои го величат и го прославуваат Божјото спасение:
Воскликни на Господа цела земја, пејте му на Неговото име, вознесете му слава и пофалба!
Сета земја да Ти се поклони, и да Ти пее, и го опеваат Твоето име Вишни!
Да го спознаеме на земјава Твојот пат, во сите народи Твоето спасение!
Да Те исповедаат Тебе народите, Боже, да Те исповедаат сите луѓе!

Троиарот се повторува повеќепати. Крстителната химна од посланието кон Галатјаните го заменува Трисвјатоје. Апостолското читање се првите девет стихови од Делата на св. Апостоли, а од Евагелието се читаат првите седумнаесет стихови од Евангелието на Јован, кое повторно ги доведува верниците кон почетокот на почетокот и го отвара Божјото создавање и обновување на светот преку Живото Божјо Слово, Неговиот Син Исус Христос.
Самиот збор Пасха означува Излез, Премин. Првиот Премин го постави почетокот на Стариот Завет, а Велигден е новата насха на новиот и вечен завет кого што пророците од дамнина го претскажале. Тоа е вечното преминување од смртта во животот и од земјата на небото. Тоа е Денот Господов, очекуван од светите пророци, ден што го создаде Господ, за Својот Суд над сите суштества, Денот Негов, на крајната и вечна победа. Тоа е Ден на Царството Божјо, во кој ќе нема ноќ, бидејќи негова светлина е Агнецот (Откр. 21. 22-25).
Велнгденската служба воопшто не е временски определена спрема изгревот па еонцето. Велигденската Утрена и Боженствената Литургија се служат чаедно во почетните темпи часови иа црвиот ден на неделата. ча да нп се даде можпост да го почувствуиаме ндвото создавање на светот и мистички да влезиме во иовиот Ерусалим, кој вечно светли со славната светлина Христова. која ја победува непрекинатата ноќ на злото и ја уништува темнината на нашиот смртен и грешен свет.
Светли, светли нов Ерусалнме, зашто славата Господова те осветли. Ликувај сега и весели се Сионе, Ти Чиста радувај се, Богородице, на воскресението на Оној што си го родила.

Ова е една од најважните велигденски химни на Православната Црква инспирирана од пророштвото на Исаија и првите глави од Книгата на откровението, бидејќи Новото Создание, Новиот Ерусалим, Небесннот Град, Царството Божјо, Денот Господов, и Свадбената гозба на Јагнето со Неговата Невеста, сето ова се празнува и се остварува во Светиот Дух во велигденската ноќ.(Томас Хопко)

  19-ти април, лето Господово 2014

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

04/10/2025 - сабота

Светиот апостол Кодрат; Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Ефески и Андреј презвитер; Свети Димитриј, епископ Ростовски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Јона  5 октомври/22 септември  2025

Тропар на светиот Божји пророк Јона 5 октомври/22 септември 2025

Јона пророкот Божји денес го прославуваме о, верни, преку него ја видовме милоста Негова,Оној Kој човекот го создаде, Тој &...

Тропар на св. Христов апостол Кодрат  4 октомври/21 септември  2025

Тропар на св. Христов апостол Кодрат 4 октомври/21 септември 2025

Светлината Христова преку тебе о Апостоле Кодрате,го посрами мудрувањето елинско,но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по...

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември   2025

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември 2025

Господ вистинската Светлина, ја покажа силата на вистината преку учителотваш Максим, о маченици и исповедници Анастасие и Анастасие.Единиот жив ковчег на благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная