Скопје, 13. 04.2014 год.- храм Свето Благовештение на празникот на Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим − Цветници
Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух. И додека си уште жив, труди се да се ослободиш од него со покајание. ( Свети Силуан Атонски)
Во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, на 13-ти април 2014 година, во шестата недела од Великиот Пост, кога Светата Црквата молитвено го празнува споменот на Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим − Цветници , протоереј Душко Наумоски во храмот Свето Благовештение отслужи Божествена Литургија. На крајот од Литургијата, отецот ги протолкува денешниото Евангелие, големината и значењето на денешниот празник Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим, и поучи за нашето молитвено учество во престојната Страсна Седмица.
Преминпортал (к.т.)
13-ти април, лето Господово 2014
Друго:
Димитриј, Скопје:
„ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА БОЖЈОТО ЧУДО , КОЕ НИ СЕ ЈАВИ НА ЦВЕТНИЦИ ПРЕД 2 ГОДИНИ , СО ОЧИСТУВАЊЕ НА СВЕТИТЕ ФРЕСКИ . СЛАВА НА БОГА ЗА СЕ , ПО МОЛИТВИТЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА И НА СВЕТИ ДИМИТРИЈА МИРОТОЧИВИ - СОЛУНСКИ ! “
Нем трепет, восхит... будење пред Неговото чудесно присуство во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје