Скопје, 9-ти април 2014 год.- Соборен храм Св. Климент Охридск, на празникот на светата маченичка Матрона
Свети Силуан Атонски
Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото, тоа е совршената љубов. И од телото на оној што ќе ја сочува таа благодат, ќе останат мошти, како кај светите маченици, или кај пророците, или кај преподобните и другите големи светии.
Презвитер Горан Стојчевски во Соборниот храм , во Скопје, на празникот на светата маченичка Матрона и преподобен Јован Проѕорлив отслужи Литургија на Претходноосветени дарови.
Преминпортал (к.т.)