с. Љубанци (скопско), 05.04. 2014 год.- манастир на св. Никола на празникот на светиот свештеномаченик Никон
Луѓето што се просветлени со крштение, веруваат во Бога, но има и такви кои дури и Го знаат. Да се верува во Бога е добро, но да се знае Бог е поблажено. Иако и тие што веруваат се блажени, како што му кажал Господ на Апостолот Тома, дека Ти ме виде мене и ме допре, и веруваш, но блажени се оние кои не видоа, а поверуваа. Да сме смирени, Господ ќе ни покажеше сè заради Својата љубов. Он ќе ни ги откриеше сите тајни, но нашата несреќа е во тоа што не сме смирени. Горди сме и славољубиви заради секоја ситница, и заради тоа се мачиме самите себеси и другите.( Свети Силуан Атонски)
Преминпортал (к.т.)
5-април, лето Господово 2014