Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.
Многу стари торжествени црковни песни, кои ги испеале православните маченици под иконоборците, се пејат на литиите кога се носат крстови и икони, како и исповедањето и потврдувањето на Символот на Верата од страна на верниот народ.
Оваа Недела уште се нарекува и Чиста.
Кој е бог велик како нашиот Бог?
Ти Си Бог наш, Единствен Кој твориш чудеса!
Вечерна, Недела на Православието