По повод одбележувањето на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско -гостиварски г. Јосиф, во манастирот „Св.Атанасиј Велики “ на Тетовското кале, ги благослови славските лебови и освети вода. На овој чин присуствуваше како и секоја година Претседателот на Република Македонија г. Ѓорге Иванов.
Во црквата на тетовското Кале која датира од крајот на осмиот век,
традиционално се прославува христијански празник Св. Атанасиј Велики.
Според различни историските извори, црквата „Свети Атанасиј" претставува
еден од најстарите христијански црковни споменици во овој дел од
Македонија.
Преземено од:
- http://tge.mk/
- https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10151952665236158&set=a.10151952664806158.1073742085.84922261157&type=3&theater
- 31-ви јануари, лето господово 2014