Скопје, 29.01.2014 год.- храм на св. пророк Илија, н. Аеродром
Чесни вериги на Светиот апостол Петар
Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати на црквата на Светите апостоли во Цариград, а другата на својата ќерка, царицата Евдоксија, жената на Валентијан во Рим. Евдоксија му изгради црква на Св. апостол Петар и во неа ги положи овие вериги заедно со оние во коишто апостолот беше окован пред да најде смрт од царот Нерон.
На 29-ти јануари 2014 година, во триесет и првата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Чесни вериги на Светиот апостол Петар и Светите маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и нивната баба Леонила, во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, отец Ангел отслужи Божествена , на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Паисиј Светогорец
Оние што не примаат забелешки од луѓето што ги љубат, а им даваат значење на потсмевите на луѓето што размислуваат световно, сепак крајно остануваат “криви дрва”. Исто така, штиците што не го примаат стругањето од Дрводелецот за да станат мебел, па завршуваат во бетонот или во скалите и биваат газени и валкани со кал сè додека не бидат уништени и не завршат во оган. На многу горделивиот, ако е особеник и избувлив, нема да му биде корисна дружбата со смирен човек, туку често станува уште побезобзирен. Значајно е да осознаете дека дури и ѓаволот исчезнува од смирението.
Преминпортал (к.т.)
29-ти јануари, лето Господово 2014