Скопје, 24.01. 2014 год.- храм на св. пророк Илија во населбата Аеродром на празникот на преподобен Теодосиј Велики и блажениот Михаил
Старец Паисиј Светогорец
Поголема благодарност треба да им оддадеме на оние што нè боцнаа со што излегоа трњата од нашата душа, отколку на оние што бесплатно ќе ја ископаат нашата област и ќе ни ја покажат нашата скриена непозната ризница. Не му користи некому да ги струже своите колена со неброени метании, ако воедно не си го изриба образот со смирение (со внатрешното покајание). Оној што бара смирение од Бога, но не го прима човекот што Бог му го праќа за да го смири, не знае што бара, бидејќи добродетелите не се купуваат како намирниците кај бакалот (колку што сакаме килограми), туку Бог ни праќа луѓе да се преиспитаме и да се потрудиме да се здобиеме со доблестите за да се овенчаме со нив.
На 24-ти јануари 2014 година, кога Светата Црква молитвено го прославува преподобен Теодосиј Велики и блажениот Михаил , во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, старешината на храмот, о. Бранислав Стојанчов во сослужение на ѓаконот Гоце Постоловски отслужи Божествена , на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата се направи мал петочен водосвет.
Преминпортал (к.т.)
24-ти јануари, лето Господово 2014