Скопје, 17. 01. 2014 год.- храм на св. пророк Илија во населбата Аеродром на празникот на собор на Светите Седумдесет aпостоли; Евнухот на царицата Кандакија; Преподобниот маченик Онуфриј Хилендарец
Во дваесети деветата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го прославува големиот христијански празник, собор на Светите Седумдесет aпостоли; Евнухот на царицата Кандакија; Преподобниот маченик Онуфриј Хилендарец , во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, отец Зоран Стаменковиќ во сослужение на ѓаконот Гоце Постоловски отслужи Божествена Литургија. По словото кое ни се даде за поука и спасенина нашите души, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот се отслужи мал петочен водосвет.
„Гoспoди, бeсмртeн, иакo смe и ниe oд свeтoт пo тeлo и грeв, рeгрутирај нè и нас вo Твoјата вoјска, кoја нe e oд свeтoт пo тeлo пo сила, пo мудрoст и љубoв. И ниe, кoга ќe гo напуштимe oвoј свeт, да живeeмe вo Твoeтo бeсмртнo царствo сo ангeлитe, апoстoлитe и свeтитeлитe заради љубoвта и мoлитвитe на Твoитe свeти апoстoли. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.“
По Литургијата
Преминпортал (к.т.)