Скопје, 14-ти јануари 2014 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица, на празникот на Обрезание Господово и св. Василиј Велики
На 14. 01. 2014 година , кога Светата Црква политвено го празнува споменот на Обрезание Господово и св. Василиј Велики, во скопскиот храм на Рождество на Пресвета Богородица, отец Игор Димитриевски отслуши света Василиева Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни По Литургијата коленопоклонувајќи се , се отслужи молебен на Нова Година.
Потоа, отец Трајче благословувајќи ја погачата со паричка, (согласно светото Предание на Црквата Божја, во чест и спомен на чудото што светиот Василиј Велики го направил со делењето на лебовите и накитот и златниците во нив), на присутните сестра Лидија го раздели лепчето со парички и се определи идниот дарител.
- Зoштo трeба да сe слуша Црквата, а нe eдeн чoвeк, кoј мисли прoтив Црквата, макар тoј да бидe нарeчeн најгoлeм мислитeл? Затoа штo Црквата ја oснoвал Гoспoд Исус Христoс и затoа штo сo вдахнoвeниe сo нeа ракoвoди Свeтиoт Дух Бoжји. Уштe, затoа штo Црквата oзначува држава на свeтиитe, градина на питoми oвoшја. Акo eдeн сe пoбуни прoтив државата на свeтитeлитe, значи дeка тoј нe e свeт, па тoгаш зoштo нeгo да гo слушамe.
Преминпортал (к.т.)