Со благослов на нашиот Митрополит г. Методиј, нашата Света Црква " Раѓање на Пресвета Богородица" од Стерлинг Хајтс- Мичиген, беше удостоена од една од најголемите компании во Северна Америка FAURECIA да добие lap top компјутери кои ќе послужат за административните потреби и за дечињата од нашето Црковно училиште како и за нашето Културно уметничко друштво Танец кој работи во склоп на нашата Црква.
Инаку во таа компанија работаат многу наши млади Македонци кои се на висока позиција. Еден од тие кои ни помогнаа во ова добро дело е господинот Александар Јовановски од Тетово кој со неговите претпоставени ни овозможија и ние како црква да се вклучиме во друштвото на ваквите компании кои со нивната добрина покажаа дека имаме такви луѓе кои секогаш размислуваат да помагаат за доброто на Нашата Македонска Православна Црква тука во Детроит.
Нека ваквите добри дела продолжат и понатаму, а на нив Бог двоструко да им возврати за нивните добрини.
With the blessing of our Metropolitan Metodi, our Holy Church was gifted by one of the largest companies in North America, FAURECIA. We were gifted laptop computers that will be used for administrative purposes, for the children of our Sunday School, as well as for TANEC - the Association for Art and Culture, that functions as part of our Church. FAURECIA employs many young Macedonians who hold high positions in the company. One of those who helped us with this good deed is Mr. Aleksandar Jovanovski from Tetovo. Together with his supervisors he made possible for us to be involved with such respected companies. With their goodness they have proven that we do have people who are thinking and working for the welfare of Our Macedonian Orthodox Church in Detroit. May such good deeds continue in future, and may God give them double blessing for all their goodness.