Скопје , 9-ти јануари , лето Господово 2014- храм на св.вмч Димитриј, на празникот на светите Дваесет илјади никомидиски маченици
На 9-ти јануари 2014 година, во дваесетиседмата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светите Дваесет илјади никомидиски маченици , во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот дух, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата се отслужи мал петочен водосвет.
Старечник
Посети еднаш авва Исаак Тивејски некоја монашка заедница и здогледа еден брат во некакво согрешение, па го осуди. А кога излезе во пустината, дојде ангел Господов и застана пред вратата од неговата келија, велејќи: „Нема да те пуштам да влезеш.“ А тој почна да го моли: „За што се работи?“ Одговарајќи, ангелот му рече: „Бог ме испрати велејќи: „Прашај го каде заповедаш да го фрлам грешниот брат што го осуди?“ Овој веднаш се покаја, па рече: „Згрешив, прости ми.“ А ангелот рече: „Стани, Бог ти прости. Чувај се, пак, во иднина да не осудуваш никого пред Бог да го осуди.“
Преминпортал (к.т.)