Скопје, 09.01.2014 год.- храм Свето Благовештение на празникот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
На 9- ти јануари 2014 година, во дваесетиосмата недела по Педесетница, кога Светата Црквата молитвено го празнува споменот на сСветиот првомаченик и архиѓакон Стефан,, во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На крајот од Литургијата, отецот го протолкува житието на денешниот свети првомаченик и архиѓакон Стефан.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 87)
Рече Господ во приказна: „Еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде. И кога наближи времето за брање, тој ги испрати при лозарите своите слуги, за да му ги приберат плодовите. Но лозарите, кога ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа. Тој испрати сега други слуги, повеќе од првите; но и со нив направија исто. Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: ,Ќе се засрамат од сина ми.’ Но лозарите, штом го видоа сина му, си рекоа помеѓу себе: ,Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово.’ Па, како го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија. А кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“ Му одговорија: „3лочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите навреме.“ А Исус им рече: „3ар не сте читале во Книгите: ,Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господа и чудесно е во очите наши.’
Старец Ефрем Филотејски
Колку повеќе Исусовата молитва нè соединува со Христа толку повеќе нè одвојува од ѓаволот. И не само од ѓаволот туку и од духот на овој свет, кој ги причинува и поддржува страстите.
Преминпортал (к.т)