На 08.01.2014 во посета на Тетовско-гостиварската епархија и на неговото Високопреосвештенство Митрополитот г.Јосиф, беше сопругата на Председателот на Република Македонија г-ѓа Маја Иванова. По посетата заедно се упатија кон с.Старо село – Тетово, каде го посетија 13-членото семејство Апостоловски, каде им посакаа убав и радосен Божик, и воедно им донираа прехранбени пакети со храна и средства за хигиена. Домаќините, Ѓурѓа и Трпко Апостоловски се заблагодарија за помошта од г-ѓа Иванова и Митрополитот г.Јосиф за можноста нивните деца барем за миг да ја почувствуваат топлината на празничните денови.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија