- 19.12.2013 год.- На патот до с. Љубанци
- Во манастирот
- с. Љубанци , 19-ти декември 2013 год.- манастир на св. Никола, (скопско), на празникот на свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски
- Денес, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, во селото Љубавци (скопско), отец Горан Стојчевски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата бројниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Софрониј
- Само ослободени од своите помисли, идеи и желби, ќе можеме да живееме исчистени, во присуство Божјо! Послушание, значи да ја скротиме нашата сопствена, индивидуална волја. Во секојдневниот живот, тоа значи, да бидеме подготвени да се одречеме од нашите идеи, за да се ослободиме од мрачната и мизерна борба што ја водиме против страстите. Штом ќе заврши оваа војна, веќе сме до прагот на вечноста. Ако се откажете од вашата лична волја, барајќи ја волјата Божја, Бог ќе биде со вас! Ако настојувате да ја следите вашата помисла, Бог ќе ве напушта.
- Преминпортал (к.т.)
- 19-ти декември, лето Господово 2013