логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


СТЕФАН,

Архиепископ охридски и македонски

Возљубени празникољупци

Ретко кој народ, како нас Македонците,може да се пофали со таков богоугодник, со таква богата духовност, со така длабок корен, или со таков аголен камен.За нас и сите православни од овие простори, тојнепоместлив столб, и тоа во секоја смисла - и духовна, и културна, и образовна, и уметничка е светиот Климент, Охридскиот Чудотворец. Тој е суштина на секоја наша историска дејност, тој е идеал на нашата иднина и гордост на нашето минато. На неговата светост – на неговото богољубие и човекољубие, ги потпираме и нашето национално и црковно, и нашето духовно и културно опстојување. За свети Климент не постои временско или било какво растојание: тој секогаш е современ и актуелен, тој е и со секоја и пред секоја наша генерација.

Во неговиот лик и во неговото дело имаме и историја, и сегашност и иднина. И само преку него можеме да согледаме колку е силна и значајна врската на минатото и иднината, да сфатиме колку, всушност, ако имаме здрава основа, ќе имаме уште постројна градба. Нашата заедничка иднина, верувам, е загарантирана поради нашето минато. Свети Климент, останувајќи доследен на делото на рамноапостолните просвети-тели, светите Кирил и Методиј, применувајќи ги нивните насоки, го засадил евангелскотосеме на плодната македонска почва, ја засадил иднината врз благословеното минато. Така и ние денес, ако не отстапиме од светиклиментовиот принцип, ќе имаме загарнтиран простор и опстој за нашите поколенија. А како и каде треба да останеме доследни? И во примената на чистиот македонски збор, и во чувањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, и во учењето и живеењето на православната вера, како и сочувањето и грижата за Светиклиментовата црква наша македонска, и земјата наша македонска, и сè што е наше, македонско. Говорам како духовник,говорам за духовната компонента на нашиот бит. Зашто ако го загубиме духовното, сестраното духовно богатство, ќе се загубиме самите, ќе исчезне и минатото, ќе ја снема иднината. Нашиот свети Климент треба да биде секаде: во нашето училиште, во нашиот дом, во нашето семејство, во образованието, науката, културата, државата, идентитетот.

Како народ, држава и Црква исправени сме пред многубројни искушенија! Треба и можеме да опстоиме само ако ги следиме и почитуваме оние коишто покажале и докажале и со живот и со дело вистински вредности, и ни дале спасоносна наука. Затоа ревносниот апостол на македонските земји, Павле, вдахновено вели: Помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо и имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.(Евр. 13,7).

Па, ако сме чеда на така голем богоугодник и човекољубец, ќе покажеме дека сме тоа само доколку ги почитуваме неговите дела, доколку живееме по верата во која нè просвети и утврди, доколку неговите се и наши идеали, доколку и во нас, како и кај него, има љубов кон Бога и луѓето... Во тоа од голема помош ќе ни биде ако почесто погледнуваме на страниците од пишаниот негов збор, ако се потсетуваме на неговите поуки и ако се угледуваме на него.Во тоа негово грандиозно и свето дело ќе видиме колку длабока и точна теологија применува, колку е доследен на кирило-методиевската традиција неговиот јазик, колку неговиот стил е близок до народот и колку е живоносно неговото слово.

Свети Климент и денес стои пред секого од нас! Во ова време преполно со меѓусебни поделби, спротивставености, непријателства и сл., тој секому ни ги покажува насоките во животот и како да се однесуваме кон другите. Во него го имаме најголемиот чувар на верата и моралот, најсигурниот сведок и бранител за нашите црковни и национални права.

Оваа година, покрај годишнините од Миланскиот едикт и Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, се потсетуваме на уше еден значаен спомен - на 1120-те години од хиротонијата на свети Климент за епископ Велички. А тој, и во архиерејската дејност јасно покажал како треба да се однесува еден пастир на довереното му стадо. Со каков духовен жар работел свети Климент, со каква ревност проповедал, и тоа на народ без писменост и знаење. И не губел надеж дека ќе успее! Такви треба да бидеме и ние денес - да го имаме пред очи примерот Светиклиментов. Никогаш да не го губиме стравот Господов и верата во Вескреснатиот. Свети Климент треба да биде пример и за свештенослужителите, и за народот, и за учениците, и за студентите, за научните и просветните работници –за сите и, ако не го дадеме максимумот, ако не научиме и не сработиме - него го нажалуваме, зашто, на тој начин, му наштетуваме на неговото наследство, за кое тој неуморно се трудеше.

Да Му благодариме на Бога што како Црква, народ и Држава, во свети Климента го имаме крајаголниот камен.Нека ни е за многу години празникот на нашиот небесен покровител пред престолот Божји - за многу години свети Климент!

Извор: Скопска епархија


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

« »

Православен календар

 

22/09/2025 - понеделник

Светите Јоаким и Ана; Спомен на Третиот Вселенски Собор; Светиот маченик Севиријан; Свети Теофан Исповедник и Постник; Свети Никита угодник Божји;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 23 септември/10 септември   2025

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 23 септември/10 септември 2025

23 септември/10 септември / Подвижнички, свети девственички,разум за вишно познание добивте,дар за расудување примајки,Неразделната Пресвета Троица пример за вашата волја...

Тропар на св. Јоаким и Ана 22 септември/  9 септември / 2025

Тропар на св. Јоаким и Ана 22 септември/ 9 септември / 2025

Оние кои благодатно праведни беа по законот, Јоаким и Ана, младенец од Бога даруван ни родија.Затоа денес светло торжествува и...

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица  21 септември/8 септември 2025

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 21 септември/8 септември 2025

Раѓањето твое, Богородице Дево,радост ѝ јави на целата вселена,зашто од тебе засветли Сонцето на правдата

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная